Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа работилница „Изворска – извор на креативност“

Во ОУ „Григор Прличев“ Охрид, денес се одржа работилница на тема „Изворска – извор на креативност“. На работилницата учествуваа учениците од 4-то одделение. Целта на работилницата беше учениците да се едуцираатт за тоа κолκу е важно да конзумираме вода во текот на денот.  „Со глина беше изработено шише и се печеше глината и добивме магнет за на фрижидер.“ – велат од училиштето. Сеκој учениκ доби магнет изворска вода и еколошκо торбе и флаерче. WebOhrid

повеќе...

Средношколците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се информираа за војничката професија

Во ОУТУ „Ванчо Питошески” одржана интерактивна работилница во рамките на проектот „Популаризација на воениот позив за служба во Армија на Република Македонија” во организација на Министерството за одбрана и АРМ. Тимот составен од професионалци од Министерството за одбрана, припадници на Армијата детално ги информираа средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски и придобивки. Основна цел на проектот е запознавање на младите со војничката професија, служење доброволен рок, пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ.

повеќе...

Во Струга ќе се одржи работилница „Ефектите и предизвиците на политиката за рамномерен регионален развој“

Организациите Форум Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола, организираат работилница на која ќе се направи јавна презентација на активностите на проектот „Алијанса за регионален развој“, поддржан од Европската унија преку програмата ЕИДХР2014-2015 и презентација на резултатите од базичното истражување за спроведувањето на политиката на рамномерен регионален развој. Настанот ќе се одржи во Хотел „Дрим“ – Струга на 23 февруари (четврток), со почеток во 12 часот. Во последниве десетина години донесени се Закон за рамномерен регионален развој и Стратегија зарегионален развој…

повеќе...

Едукативна работилница „Борба против трговија со луѓе“ во ОУТУ „Ванчо Питошески“

По повод 18 Октомври – Меѓународен ден на борбата против трговија со луѓе во ОУТУ,,Ванчо Питошески“ се одржа едукативна работилница. Работилницата се реализира со ученици од прва, втора и трета година како и стручната служба и професори од училиштето. Работилницата се реализира преку техники за интеактивна работа со деца, групна работа, работа со илустративен материјал, како и гледање инсерти од филмот „Лилија засекогаш“. Целта на работилницата беше да се подигне свеста и да се прошират знаењата за трговијата со луѓе, каде приоритет се даде на превенцијата пред се на самите…

повеќе...

Во Охрид се одржува работилница „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“

Во хотел Гранит, денес, започна тродневната регионална работилница, која е во организација на Регионалниот центар за животна средина за цетрална и источна Европа, а е дел од CRESSIDA проектот. Работилницата ја отвори градоначалникот Никола Бакрачески, кој на учесниците им посака топло добредојде и успешна работа. „Регионалната работилница, уверен сум дека ќе придонесе за размена на искуства во управувањето со меѓународните речни сливови каков што е случајот со реките Дрим и Дрина.Пилот проектите на општините вклучени во проектот, ќе помогнат за регионално вмрежување и изнаоѓање заеднички применливи решенија за управување со…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи регионална работилница „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“

Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) организира Регионална работилница во рамки на проектот CRESSIDA на тема „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“. Работилницата е во рамки на проектот „CRESSIDA – Градење на локални одрливи и отпорни заедници, во рамки на меѓународните водени текови, како што е Дримскиот речен слив”, која ќе одржува од 12ти до 14ти октомври во Охрид. Работилницата официјално ќе биде отворена со воведно обраќање од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.

повеќе...

Отворена работилница на тема „Избор на локација за централен објект за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион“

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, денеска, ја отвори работилницата на тема: Избор на локација за централен објект за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион, која се одржа во рамки на проектот „Подготовка на потребните документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Севроисточниот регион“, кој е финансиран од Европската Унија, а се имплементира од конзоциумот на ЕПТИСА и ЕПЕМ. „Оваа фаза на проектот е од исклучителна важност. Изборот на соодветна локација за инфраструктура за управување…

повеќе...

Техничка поддршка од Унгарија за македонското земјоделство

Посветеноста на квалитетот и искрената желба да им се понуди уникатност и нов вкус на потрошувачите постојано го надоградува имиџот на виното што придонесе овој производ да стане втор најважен во извозот на агропрехранбениот комплекс, а лозаро-винарскиот потсектор да остварува нето годишен прилив од над 65 милиони евра, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, отворајќи ја работилницата за европските субвенции и земјоделските статистики. Според него, лозарството, заедно со производството на вино, придонесува со околу 17 до 20 отсто во земјоделскиот БДП. „Виното е на прво место…

повеќе...

Работилница за справување со поплави

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа ( РЕЦ) – денеска во салата на Општина Охрид, со поддршка на Секторот за туризам и локален економски развој, одржа еднодневна работилница посветена на механизмите за справување со поплави во речните и езерските сливови. Предавач на работилницата беше Стив МКНолти од Американските шумски служби, а пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Оваа работилница ќе ни помогне нашето искуство во справувањето со полавите како елементарна непогода, да го надополниме со нови искуства за градење на капацитети за одржлив развој…

повеќе...

Бесплатна музичка работилница со Горан Алачки во Крушево

Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот … Од 24 до 26 јуни годинава во Спомен-домот на Тоше Проески ќе се одржи втората бесплатна работилница за млади музичари, која ќе ја раководи маестро Горан Алачки. Младите ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот.…

повеќе...