Повреден работник кој паднал од скеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера околу 12:00 часот на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на с.Попоец, од непознати причини А.Г. (37) од Јабланица, Босна и Херцеговина, вработен во градежна фирма, изведувајќи градежни работи-поставување метално скеле на мост во изградба, паднал од скелето во висина од околу 19 метри. А.Г. притоа се здобил тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје и е надвор од животна опасност.

повеќе...