Никој не се рекламира на ‘рѓосано

„Просторот за рекламирање на политичките партии“ во Охрид, беше одреден уште на 22 август. Тоа се тарабите поставени на оградата од ОУ „Григор Прличев“ и тоа е единственото место во Охрид наменето за тоа. Но, до ден денес, на само една недела до одржувањето на Локалните избори, овој простор за политичко рекламирање се уште е празен. Едноставно, политичките партии се рекламираат на големите билборди, но се одлучуваат и за многуте електронски видови на рекламирање. Кој ли би се рекламирал на ‘рѓосано!? WebOhrid

повеќе...

Одреден е простор за рекламирање на политичките партии

Согласно законските одредби за рекламирање на учесниците во изборната кампања, Општина Охрид, денес одреди простор каде политичките партии можат да ги постават своите рекламни постери и пораки. Поставени за тараби на оградата од ОУ „Григор Прличев“, како единствено место за политичкиот маркетинг за време на изборната кампања.

повеќе...