После дожд – сонце

По дождливата ноќ во Охрид и слабата снежна покривка на Петрино, сонцето и тоа како беше добредојдено. Голем број охриѓани излегоа на прошетка, а вообичаена слика на каналот „Студенчишта“ за време на викендите се и рибарите. Според УХМР, и утре не очекува претежно сончево, но малку потопло време, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.  WebOhrid

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

Со одбележувањето на Денот на рибарите завршија Богојавленските празнувања

Денес на Сараиште со капење во осветените води на езерото, беше одбележан „Денот на рибарите“, со што се заокружуваат Богојавленските празнувања. За големиот народен собир традиционално, Локалната самоуправа за сите присутни подготви рибна чорба, греана ракија и вино, плашици и пача. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека и со оваа уникатна традиција Охрид станува препознатлив, а бројот на гостите што за Богојавление присустуваат во Охрид постојано расте. „Ова е ден кога граѓаните се ослободуваат од секојдневните стеги, кога можат да поразговараат во една релаксирина и весела атмосфера за нашите обичаи и…

повеќе...

Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…

повеќе...

На Сараиште одбележан Денот на рибарите

На денот посветен на Св. Јован Крстител охриѓани ја продолжуваат традицијата на одбележување на денот на рибарите. Годинава централното случување беше кај месноста Сараиште. Во пријатна атмосфера зачинета со староградската песна на ансамблот „Билјана Јуниор“, бројните посетители традиционално се служеа со греана ракија, вино, рибна чорба и пача. Со своите сограѓани и гостите радоста ја споделуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој вели дека прославувањата на овој ден влечат корени од минатото кога било забрането јавно фрлање на Чесниот Крст и осветување на езерските води. „Ова е едно убаво продолжување на…

повеќе...

Поради Богојавленските празнувања да се отстранат пловните објекти кај Сараиште

Се известуваат жителите од Стар Град дека поради прославите посветени на празникот Богојавление – Водици и Денот на рибарите неопходно е да ги отстранат пловните објекти од просторот кај Сараште, со што би обезбедиле непречено реализирање на настаните и проток на насобраната толпа народ. Пловните објекти од езерото и крајбрежјето кај Сараиште треба да бидат отстранети на 18ти, 19ти и 20 ти јануари годинава.

повеќе...