Владина делегација на Самит за Западен Балкан во Виена

Денес во Виена, под покровителство на австрискиот канцелар Вернер Фајман, ќе се одржи Самит за Западен Балкан, каде ќе учествува и Република Македонија со своја делегација, предводена од претседателот на Владата Никола Груевски, а во нејзин состав ќе бидат и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за економија Беким Незири. Самитот се одржува во континуитет на “Берлинскиот процес“, инициран со Берлинската конференција за Западен Балкан, која се одржа под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел во август 2014 година. На Виенската конференција покрај…

повеќе...

Груевски ги претстави заложбите за интеграциски напредок на Македонија на Самитот на ЕПП

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во Брисел учествуваше на редовниот Самит на Европската народна партија (ЕПП), на кој учествуваа шефовите на партии и политички лидери од европската десница, меѓу кои и првите луѓе на Европската комисија и на Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск. Домаќин на настанот беше претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, а меѓу присутните беа и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, премиерот на Ирска, Енда Кени, премиерот на Португалија, Педро Пасос Коељо, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како…

повеќе...

Заменик министерот Ќамили на регионален самит во Тирана

Денес и утре во Тирана, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од Заменик Министерот г. Земри Ќамили учествува на Балканскиот регионален самит за борба против насилен тероризам, во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. Во рамки на предвидените панел сесии, Заменик Министерот Ќамили учествува со свое обраќање поврзано со улогата на локалните власти во борбата против насилниот екстремизам, во насока на истакнување на врската која постои меѓу локалните заедници, невладините организации и националните влади во решавање на прашањето на насилниот екстремизам на Балканот.

повеќе...

Заедно да придонесеме за новата реалност – претседателот Иванов на 18-от Евроазиски економски самит во Истанбул

Светот не се менува, светот е веќе променет во процесите на глобална меѓузависност и субнационална фрагментација, и во економијата и во политиката, но она што се менува е нашата претстава за новата светска реалност. Затоа треба заеднички да придонесеме кон кристализирање на сликата за новата реалност”, порача претседателот Иванов во поздравниот говор на 18. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара што се одржува во Истанбул. „Економската глобализација ја менува важноста на национално-политичките граници. Меѓународниот економски поредок е сè повеќе глобален, а меѓународниот политички поредок е изграден врз суверена национална држава.…

повеќе...

Претседателот Иванов ќе учествува на 18-от Евроазиски економски самит

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од 08 до 11 април, 2015 година, ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 18. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара во Истанбул, придружуван од сопругата г-ѓа Маја Иванова. Претседателот Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на 18. Евроазиски економски самит, а ќе има и свое обраќање на сесијата на претседателите на тема „Патот до мирот: Каде оди хуманоста?”. На Евроазискиот економски форум, ќе учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот…

повеќе...

Политички активизам кој преминува во насилство и екстремизам

Во денешниот свет на модерни безбедносни ризици, феноменот на радикализација е сè повеќе присутен во секое општество во кое делови од младата популација ги прифаќа екстремните позиции и идеи, го менува своето однесување, од политички активизам преминува во употреба на насилни средства и методи. Ова меѓудругото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето вчерашно обраќање во рамки на четвртата сесија од Самитот што посветен на насилниот екстремизам се одржува во Вашингтон во организација на американскиот Стејт Департмент а на кој учествуваат претставници од шеесетина земји од…

повеќе...

Меѓународен Самит во Вашингтон – Изнаоѓањето на ефективни средства и методи за превенција на сите екстремизми кои водат кон тероризам

Доцна синоќа, на првиот ден од „Самитот на Белата Куќа за борба против насилниот екстремизам”, кој се одржува во периодот од 18-20 февруари 2015 година во Вашингтон, САД, делегацијата од Министерството за внатрешни работи предводена од министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, во просториите на Стејт Департментот оствари работна средба со Џим Волш, Заменик Асистент Секретар на Меѓународното Биро за наркотици и спроведување на законот и со Ричард Милер – Директор на ИЦИТАП програмата. На средбата беше дискутирано за досегашната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, реализирана…

повеќе...

Министерката Јанкулоска на Самит на Стејт департментот на САД посветен против насилниот екстремизам

Од утре, во наредните три дена (18/19/20.02), САД ќе бидат домаќин на самитот на Белата Куќа за борба против насилниот екстремизам (Ministerial Component of White House Countering Violent Extremism Summit) што ќе се одржи во Вашингтон во Стејт Департмент, а по иницијатива на американскиот претседател Барак Обама, на којшто ќе учествуваат високи претставници од 60-тина држави како дел oд антитерористичката коалиција, меѓу кои и министерката за внатрешни работи на Р.Македонија, м-р Гордана Јанкулоска. Целта на Самитот е да се развие агенда за делување и соочување со феноменот на насилниот екстремизам,…

повеќе...

Арсовска Томовска на Светскиот самит за мобилни апликации во Абу Даби

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска од денес до 3 февруари, ќе учествува на Светскиот самит за мобилни апликации, кој се одржува во Абу Даби. Светскиот самит ги избира и ги промовира најдобрите и најиновативните мобилни апликации од сите земји членки на Обединетите Нации, односно од претприемачите кои развиваат апликации со влијание врз глобалните општествени движења. Поднесените предлог-апликации од целиот свет ќе бидат оценувани од страна на жири комисија, со цел да се изберат најдобрите решенија за 2014 година. Инаку, Арсовска Томовска ќе биде еден од говорниците…

повеќе...

Премиерот Груевски се обрати на самитот „Партнерство 2015“ во Џајпур

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денес (четврток, 15 јануари 2015 година) учествуваше на самитот “Партнерство 2015” кој се одржа во градот Џајпур, Република Индија. Интернационалниот економски самит “Партнерство 2015”, чија главна тема е продлабочување на економската соработка и остварување на партнерства за нови релации, се одржува во организација на Конфедерацијата на индиската индустрија која е најголемата стопанска комора која ги обединува најголемите компании во Индија, владата на индиската држава Раџастан, како и индиското Министерство за економија и промоција. Овој самит се одржува од 1995-та година, а…

повеќе...