Груевски: Инвестицискиот пакет на ЕК главна тема на Самитот на ЕПП

Инвестицискиот пакет на Европската комисија вреден 315 милијарди евра беше главна тема на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) што се одржа во „Егмонт” палатата во Брисел. Ова го потврди претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кој заедно со европските лидери и челници на Влади и опозициски партии, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Грција, Шпанија, Ирска, Андонис Самарас, Мариано Рахој и Енда Кени, како и лидерскиот двоец на ЕУ, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, присуствуваше на Самитот на ЕПП. Премиерот Груевски посочи дека Инвестицискиот…

повеќе...

Глобален самит за справување со сексуалната злоупотреба на децата на интернет

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес и утре (10./11. 12.) во Лондон, Велика Британија, ќе учествува на дводневниот глобален самит за справување со сексуалната злоупотреба на децата на интернет што се одржува под покровителство на англискиот премиер Дејвид Камерон. На самитот на кој покрај министри и преставници на ресорни министерства, учествуваат и претставници на бројни меѓународни асоцијации и институции, ќе се разговара за заканата и предизвици во борбата против сексуалната злоупотреба на децата на интернет, феномен што во последнава декада поприми сериозни глобални размери. Во неколкуте дебатни сесии…

повеќе...

Претседателот Иванов присуствуваше на „Климатскиот самит 2014“ во Њујорк

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов вчера во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, присуствуваше на Климатскиот самит 2014, каде што се одвиваа серија дискусии за климатските промени, за што свое излагање имаше и министерот за надворешни работи г. Никола Попоски. Голем број државници, но и холивудски ѕвезди како Леонардо ди Каприо, настапија во Обединетите нации со апели за интервенција со која би требало да се запрат климатските промени. Претседателот Иванов рече дека и претседателот Обама во своето обраќање на приемот ја истакнал потребата од заедничка…

повеќе...

Јолевски: Македонија има стратегија за следниот НАТО самит

Македонија има стратегија за следниот самит на НАТО и таа стратегија ние веќе ја исполнуваме. Работиме на максимално презентирање на тоа што Република Македонија го има постигнато и на прашањето зошто земјава треба да добие покана за полноправно членство во Алијансата, нагласи министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој денеска ја посети Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во скопската касарна „Гоце Делчев“. Јолевски на Воената академија беше информиран за подготовките за учебната 2014-2015 година и за плановите за развој на оваа високообразовна институција, што е, потенцира тој, многу значајна за подготовка…

повеќе...

Претседателот Иванов учествуваше на „Самит 100″ во Цавтат, Република Хрватска

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во Цавтат, Република Хрватска, учествуваше на „Самит 100 – Договор за новото време” заедно со бизнис лидерите и најистакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Политичките лидери треба да овозможат што помалку бариери за да може да има проток на капиталот. За жал нашиот регион има многу физички, ментални и административни бариери. Нам ни е потребна нова инфрастуктура, и поврзување на сите автопатишта. Јадранско-јонската магистрала да се поврзе со Коридорите 8 и 10, да се поврзат железничките пруги, а неопходно е и…

повеќе...