Во Охрид ќе се одржи обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата

Утре во Охрид ќе биде одржана обука за следење на состојбата на безбедноста во сообраќајот на патиштата со примена на индикатори. Обуката, наменета за претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници од единиците на Локалната самоуправа, доаѓа по неодамнешната препорака на Владата на Република Македонија до сите единици на локалната самоуправа, да формираат работни групи на локално ниво што ќе бидат задолжени за следење, мерење, обработка и доставување на податоците во врска со индикаторите за следење на безбедноста на сообраќајот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, дефинира…

повеќе...

Православните верници масовно се упатуваат кон пештерната црква „Св.Стефан“

По повод празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“ и манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, вечерва во манастирската црква „Свети Стефан“, се служеше празнична вечерна богослужба. На богослужбата присуствуваа голем број верници од Охрид, околните места и туристи, кои палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Утре во истоимената црква ќе се служи света литургија, со почеток во 8:30 часот. Инаку, Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е во ретко…

повеќе...

Се расчистуваа делниците до Подмоље, Св.Стефан и Орман

Екипите на „Јавна хигиена“ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје-Охрид на делницата до Подмоље и до нас.Свети Стефан. Овие акции се спроведуваат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел. На потегот сообраќајна клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље ангажирани се 6 комунални работници и се очекува да се подигнат околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и др. На потегот Хидробиолошки Завод-нас.Свети Стефан (кај тунелот) за расчистување на најразличните отпадоци ангажирани се 4 комунални работници и…

повеќе...