Нови улични светилки во Охрид

Деновиве во Охрид се врши заменување на светилките на уличното осветлување, односно досегашните светилки кои светеа жолто се заменуваат со бели ЛЕД светилки. Со новите улични ЛЕД светилки ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, со која што Општина Охрид склучи договор за наредните 15 години. WebOhrid

повеќе...

Се менуваат оштетените улични светилки

Деновиве надлежните ги заменуваа оштетените улични светилки со нови. Со изгласување на одлуката за избор на приватен партнер започна постапката за модернизирање на јавното осветлување во Охрид, со што охриѓани ќе добијат современо и модерно улично осветлување со лед светилки. Осовременувањето на уличното осветлување ќе го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, која уличното осветлувањето ќе го добие на 15 години користење. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат нови улични светилки во централното градско подрачје

Согласно годишната програма за работа во делот на јавното улично осветлување екипи од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид во текот на денешниот ден поставија столбови за улично осветлување на улицата “Македонски просветители“. Едниот столб за јавното улично осветлување е поставен пред зградата на Основниот суд а другиот пред маркетот “Тинекс“ во непосредна близина ка кружниот тек кај градскиот плоштад. Со новите улични светла ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и…

повеќе...