Литургии за Св. Петка и Св.Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 08. август 2017 година (вторник), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Св. Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон“ на…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат во манастирот Св. Наум

Од вчера попладне река верници се упатуваат во манастирот Св.Наум, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред моштите на големиот светец. По повод празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец во манастирот Св.Наум синоќа се служеше празнична вечерна богослужба. Денес со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Како и секоја година, за празникот Свети Наум, во рамките на манастирскиот комплекс не изостана и панаѓурот со тезги…

повеќе...

Притворен албанскиот државјанин кој пустошеше шума кај Св.Наум

На 28.03.2017 година во 18:00 часот, од страна на полициски службеници од ГП-ГН „Св.Наум“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ кражба“ по чл.235 став 3 од Кривичниот законик на Р.Македонија, приведен е Ќ.Х. (49) од Р.Албанија. На 29.03.2016 година во 16:30 часот лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен суд-Охрид, каде му е одредена мерка притвор во траење од осум дена и е спроведено во Казнено-поправната установа Охрид.

повеќе...

Непознати лица краделе дрва со моторна пила и два коњи во близина на изворот Свети Наум

Вчера околу 17:00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај м.в. „Војтино“, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Св.Наум“ и Шумска Полиција биле забележани две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата. Едно од лицата е фатено и лишено од слобода, додека другото лице се дало во бегство. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и фотографирани од страна на Крим-техника од СВР Охрид. Истите ќе бидат подигнати…

повеќе...

Се преврти товарно возило кај Елешец

Вчера во периодот од 15:50 до 18:15 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај автокампот Елешец, сообраќајот беше во целосен прекин, поради вршење увид на сообраќајна незгода и извлекување на превртено товарно возило на коловозот.

повеќе...

Момче се удави во Охридското Езеро, кај Св.Наум

Нема видливи  повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено вчера во водите на Охридското езеро во близина на воениот камп „Св.Наум“. Ова е констатацијата по извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед извршен вчера околу 16 часот во амбулантата во Пештани. Од увидот извршен од полициски службеници по претходно овластување од Јавен обвинител како и по извршеното препознавање од блиските пријатели, констатирано е дека се работи за лицето Марко В. (24) од Скопје. Неговото безживотно тело, вчера околу 14 часот и 20 минути е пронајдено од медицинска екипа…

повеќе...

Повредена охриѓанка во сообраќајка на патот Охрид – Св.Наум

Вчера во 15:50 часот во Охрид, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, ПМВ „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“, паркирана од Ѓ.Ч. од с.Мислешево, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во ПМВ „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат во манастирот Св. Наум

Од вчера попладне река верници се упатуваат во манастирот Св.Наум, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред моштите на големиот светец.  По повод празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец во манастирот Св.Наум синоќа се служеше празнична вечерна богослужба.  Денес, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Како и секоја година, за празникот Свети Наум, во рамките на манастирскиот комплекс не изостана и панаѓурот со тезги каде можеше да се купат сувенири, облека,…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот Св. Наум Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2-ри јули(сабота), во манастирот „Свети Наум Охридски“ – Охрид со почеток 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св. Наум Охридски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. На 3ти јули(недела), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј. Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Чешкиот претседател воодушевен од убавините на манастирскиот комплекс Св.Наум

По официјалното отворање на македонско – чешкиот бизнис форум што денеска се одржува во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески во улога на домаќин заедно со високите гости, го посетија манастирскиот комплекс Св. Наум. Двајцата претседатели македонскиот, Ѓорге Иванов и чешкиот Милош Земан со импресии од убавините со кој изобилува овој крај и од добриот дочек го напуштија комплексот. Попладнево,претседателот Земан со сите почести беше испратен на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

повеќе...