Семафорот кај Рача често (се) збунува

Семафорот кај Рача често знае да се збуни, а ги збунува и пешаците и возачите. Станува збор за семафорот кој е наменет за пешаците. Наизменично се вклучуваат и исклучуваат и црвеното и зеленото светло, па сето тоа навечер изгледа како лајт-шоу. Погледнете… WebOhrid

повеќе...

Замаглено огледало на улицата „Св.Кирил и Методиј“

Пред да се искачите или пак на слегување од „Горна Порта“ тука е незгоднот свијок на улицата „Св.Кирил и Методиј“ каде што е потребно исклучително внимавање при разминувањето на возилата. Токму за таа цел е поставено и сообраќајното огледало, но по се изгледа дека тоа не е од корист во овие ладни утра. Имено, поради временските услови, ниската температура и влажноста на воздухот, ова огледало секое утро е замаглено. WebOhrid

повеќе...

Нова сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на учениците

На првиот училишен ден, денеска Секторот за комунален развој,сообраќај и улици , го пушти во функција новиот семафорски систем пред ОУ „ Христо Узунов“ , а деновиве беше извршено корегирање на хоризонталната и вертикалната сигнализација во близина на сите основни училишта на територијата на општина Охрид. Поставени се забавувачи на брзина на ул. „ Питу Гули“ пред ОУ „ Христо Узунов“ , на пресекот на булевар „ Туристичка“ со ул. „ Даме Груев“ ,пред ОУ „ Григор Прличев“ , на ул. „ Стив Наумов“ пред ОУ „Братство-Единство“ во населба Лескајца…

повеќе...

Привршува обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација

Обележувањето  на хоризонталната сообраќајна  сигнализација на територијата на општина Охрид, која  започна на 20 јули 2014 година, планирано е да заврши за една недела.По завршувањето на овој дел од активностите  на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици, следува обележување и дислокација на такси станиците што ќе го врши ЈП „ Нискоградба“ . Во текот на изминативе денови обележани се улиците „ АСНОМ“ ( 110 м2 , а останува уште  мал дел) , „ Питу Гули“ (  86 м2 ) , „ 15-ти корпус“ ( 129 м2 ) , „ Железничка“…

повеќе...

Во Пештани се одбележува хоризонаталната сигнализација

Денеска, во Пештани, ЈП „Нискоградба“ започна со одбележување на хоризонталната сигнализација.  Одбележувањето се врши на потегот каде се прави новата пешачка патека од рибниот ресторан до некогашната полициска станица. Активностите за уредување на овај простор се при крај и се очекува да завршат во наредните неколку денови.

повеќе...