Започна фестивалот на вино и сирење

Синоќа во Охрид беше отворен фестивалот на Вино и сирење. На повеќе штандови на плоштадот кај Чинарот, вкупно четиринаесет излагачи изложија квалитетни домашни вина, сирења и други традиционални прехрамбени производи. Македонски винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирењe, се дел од овогодинешниот фестивал .На чинот на отворање бројните посетители ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Во склад со активностите и Програмата на Општина Охрид, Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година, како и изминатите ја продолжува традицијата на одржување на Фестивалот на вино и…

повеќе...

Вкусовите на Македонија повторно во Охрид

Во склад со активностите и Програмата на Општина Охрид, Секторот за Туризам и локален економски развој и оваа година, како и претходните години го организира Фестивалот на Вино и сирење „Кај Чинарот“, кој ќе се одржи на 26ти (петок) и 27ми август (сабота). На овој фестивал ќе учествуваат повеќе мали и средни производители на вино и сирење. Учеството на овој Фестивал значи зголемен обем на продажба и заработувачка, а за посетителите можност за запознавање со производите и вкусовите на домашните вина и сирења и прилика за дружење, а за градот…

повеќе...

Солилото „се влева“ во атмосферска канализација не поштедувајќи ги ни автомобилите

Нашите сограѓани се надминаа себеси. Солилото од сирењето завршува во канализација, и тоа во атмосферска! Не пречат ниту автомобилите, а доколку се најдат паркирани над атмосферските шахти, тогаш солило ќе тече и врз нив. Во овој случај, покрај напријатната миризба и неубавата глетка, солилото кое завршило во атмосферската канализација, буквално течело по автомобилот. WebOhrid

повеќе...

Започна фестивалот на „Вино и сирење“

Триесеттина производители на вино и сирење од Македонија и Албанија се дел од фестивалот на „Вино и сирење“ што и годинава како минатата се одржува на плоштадот “Чинар“ во охридската чаршија. Бројни охриѓани но и гости од земјава и странство воодушевени од несекојдневната глетка дегустираа од виното, сирењето и останатите автентични производи за овој регион изложени на 20 унифицирани штандови. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Со настани од ваков тип покрај што ја збогатуваме туристичката понуда на Охрид , ние настојуваме да укажеме на…

повеќе...

Охрид домаќин на фестивалот на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери

Денес и утре Охрид е домаќин на две меѓународни манифестации, возобновениот фестивал на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и стануваат препознатлив белег на градов во лето. Како минатата така и годинава фестивалот на „Вино и сирење“ ќе се одржува на плоштадот Чинар во чаршијата. На 20 унифицирани штандови 27 производители од Македонија и од регионот на Корча, Република Албанија ќе ги изложат , виното , сирењето и други производи автентични за овие предели. „Презентацијата на виното и сирењето и денеска и…

повеќе...

Фестивалот на „Вино и сирење“ 2015 ќе се одржи на 21 и 22 август

На плоштадот „Чинар“ на 21 и 22 август ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“ 2015. Оваа година покрај локалните производители на вино и сирење, учество ќе земат и производителите од регионот Корча, Република Албанија. Производителите ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои пак ќе имаат прилика да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења. Фестивалот на вино и сирење дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овај период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците…

повеќе...