Договор меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурување

Од 1 декември 2015 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување. Со примената на Договорот се регулира стварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Истиот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, осигурување во случај на…

повеќе...

Промовиран првиот Словачко-македонски речник

Над 20.000 изрази и нивни преводи содржи првиот Словачко-македонски речник на авторите Гоце Цветановски, Љупчо Митревски и Звонко Таневски, објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура. На промоцијата денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак посочија дека лексикографскиот труд ќе ги продлабочи културните врски на двата народа, ќе поттикне и инспирира соработка и комуникација. Канческа-Милевска истакна дека изданието го потврдува континуитетот на македонско-словачките културни врски, нивното историско траење повеќе од 11 века и нивната длабока поврзаност со мисијата на браќата Кирил и Методиј.…

повеќе...

Врачена благодарница на словачкиот амбасадор во Македонија

На пригодна свеченост, вечерва претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев на Амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Мартин Безак и на Стојан Лекоски им врачија благодарници за нивната заложба за изложувањето на иконите кои општина Охрид и ги подари на градот Терхова. За време на културната манифестација „Денови на св. Кирил и Методиј“ која се одржува во Терхова, подарените икони од Св. Климент и Св. Наум беа поставени на олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј.  Пријателските односи…

повеќе...

Словаците со благодарност до Охрид за подарените икони од Светите Климент и Наум

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денеска оствари работна средба со Стојан Лекоски организатор на културната манифестација „Денови на св. Кирил и св. Методиј” што по традиција се одржува во Терхова ,Република Словачка. Словачкиот гостин изрази огромна благодарност до општина Охрид, за вредните подароци, икони од Св. Климент и Св. Наум што таа ги подари на Терхова по повод „Деновите на св. Кирил и св. Методиј “. Охридските икони на настанот беа поставени пред олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј. Пријателските односи и…

повеќе...