Намален бројот на сообраќајни незгоди во Охрид

Воспоставување стабилен режим во сообраќајот за време на летната туристичка сезона, беше една од главните мерки и заложби на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Целта на интензивно преземените мерки и акциски контроли, беше подигнување на степенот на сообраќајната безбедност во градот и околните населени места, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна фрекфентност на сообраќајниците и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли беа преземани во текот на целото деноноќие, во централното градско подрачје но и надвор од градот, со физичко присуство на полициски службеници…

повеќе...

ОСБСП-Охрид поднесе иницијатива за поставување на челични одбојни огради над „Хидробиолошкиот завод“

Регионалниот пат Охрид-Св.Наум е значајна сообраќајна артерија во општина Охрид со значителна сообраќајна фрекфенција и со посебно сообраќајно оптоварување во летниот период. Тој е еден од клучните регионални патни правци, кој води кон туристичките населби, хотелско угостителските објекти и ноќните клубови на брегот на Охридското езеро но и кон граничниот премин „Св.Наум“. На овој патен потег, за жал, во изминатиов период се случиле многу сообраќајни незгоди од кои, еден дел, завршиле со загуба на човечки животи. Најчестите причини за случените сообраќајни незгоди се непочитување на пропишаната брзина на движење и…

повеќе...