Голема Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2016 година (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им ја честита Голема Богородица.

повеќе...

Ташевска-Ременски: Ставрески веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го повика министерот за финансии Зоран Ставревски веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливата категорија на граѓани на кои овие средства им се единствени месечни примања.  „Еве до каде одат лицемерните политики на Груевски и неговиот кум и министер за финансии Зоран Ставревски! Пред да стигнат лажните обвинувања и клевети дека министерката Ременски ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика и правата на граѓаните на граѓаните на Република Македонија сакам…

повеќе...

Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 29 април 2016 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед коишто го чевствуваат им го честита празникот Велики Петок.

повеќе...

Понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во согласност со Законот за празници, 28ми март, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

повеќе...

Ременски: Ни милиметар не отстапуваме од условите за фер избори

Потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски,  денес во изјава за медиумите истакна: „Овие луѓе што се денеска собрани тука, меѓутоа и сите оние коишто не излегоа денеска на собирот на граѓани во Кичево, се согласни во едно, мора да се стави карај на штетните политики на Никола Груевски коишто изминативе десет години ги опустоши сите општини во Република Македонија. Овие градови низ коишто одиме, меѓукоишто е и Кичево, немаат млади луѓе затоа што младите не се во Кичево, затоа што младите заминуваат не само од…

повеќе...

Работна средба на Ташевска-Ременски со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во којшто членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е.…

повеќе...

Груевски: Годинава уште едно зголемување на социјалната помош

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска најави зголемување за пет отсто на социјалната помош. „Зголемувањето ќе биде со исплатата во јули 2016 година. Досега откако сме во Владата имаме зголемување за околу 62 отсто на социјалната помош зголемувајќи ја секоја година постепено. Со исплатата во јули 2016 зголемувањето ќе надмине над 65 отсто,“ рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на нов фекален колектор во Ново Лисиче.

повеќе...

Ташевска-Ременски оствари средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја оствари првата работна средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет. На средбата министерката Ташевска-Ременски го информираше амбасадорот Гарет за тековните работи на Министерството, но ја искористи можноста на работната средба да го запознае и со приоритетите на нејзиното работење во периодот што претстои. Ташевска-Ременски и Гарет разговараа и за актуелната криза со мигрантите и бегалците, но и за лицата со хендикеп и сите останати категории на лица за коишто Министерството води грижа и нуди услуги.

повеќе...

Ташевска Ременски: Запазени се сите процедури во работата на МТСП

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски по денешната Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост одговарајќи на новинарски прашања истакна дека ги отфрла шпекулациите оти невработено лице одговара на прашања на граѓани и дека на Управната инспекција која вчера била во нејзиниот кабинет и дала документи кои, како што рече, одат во прилог на нејзиното тврдење. Во продолжение ви ги пренесуваме прашањата и одговорите. Како го коментирате ветото од страна на заменик министерот Спасов и вчерашната инспекција од страна на Државниот управен инспекторат? Ташевска-Ременски: Не сум…

повеќе...

Меѓународна конференција „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на Меѓународната конференција на тема: „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“, во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Главната цел на конференцијата е размена на искуства и добри практики за влијанието на Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност во процесот на унапредување и подобрување на правата…

повеќе...