Доделени признанијата за најуспешните спортисти

Во организација на Сојузот на спортови и Локалната самоуправа, денеска на посебна свеченост, на најуспешните спортисти во 2015 година им беа доделени признанија.На свеченоста на градоначалникот Никола Бакрачески, за посебен придонес во развојот на спортот, Сојузот на спортови му врачи посебно признание. „Ми причинува особено задоволство што денеска сум со Вас, добитниците на наградите за најуспешни спортисти, клубови и спортски работници и упатувам искрена благодарност за признанието кое ми го додели Сојузот на спортови од Охрид.Ние како одговорна локална власт во изминативе речиси три години во рамките на можностите го…

повеќе...

Годишното изборно собрание на Сојузот на спортови Охрид ќе се одржи на 15 декември

Се известуваат сите членки на Сојуз на спортови Охрид дека на 15 декември (вторник) во просториите на Општина Охрид (голема сала) со почеток од 18:00 часот ќе се одржи годишно изборно собрание на Сојуз на спортови Охрид. За таа цел, се информираат сите членки на Сојузот на спортови Охрид да делегираат по двајца делегати во писмена форма заверени со печат од матичните здруженија и клубови. Сите полномошна за делегати на собранието може да се достават во писмена форма во просториите на Сојузот на спортови Охрид во ПРОСТОРИИТЕ НА СТАР ГРАНИТ – Кеј…

повеќе...

Во Охрид одбележан Меѓународниот ден на мирот

Со изведба на химната на Република Македонија од страна на Викторија Донеска, денес на Градскиот плоштад, започна одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот во организација на општина Охрид и Општинската организација на сојузот на борци од Охрид и Дебрца. Пред самиот почеток на свеченоста најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со испишани пароли ги испратија своите пораки за Мир во светот, а членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го започнаа годинешниот мировен марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“ кој се одвиваше од нивното седиште до Градскиот плоштад.…

повеќе...

Со пригодна свеченост ќе се одбележи 21ви септември – Меѓународниот ден на мирот

Општина Охрид во соработка со Општинската организација на сојузот на борци од Охрид на 21-ви септември ( понеделник), традиционално со пригодна свеченост ќе го одбележи Меѓународниот ден на мирот. Активностите ќе започнат во 11 часот на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ со настап на најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ .Во исто време од пред дирекцијата на Сојузот на борци ќе започне годинешниот мировен марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“ . Централното случување ќе биде на градскиот плоштад точно напладне каде пораката за мир од Генералниот секретар на Обединетите Нации…

повеќе...

Ќе се одбележат 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“

По повод 72 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ – Првата регуларна единица на Македонската Народноослободителна војска и Денот на Армијата на РМ, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца утре организира свечено одбележување на споменикот на Славеј Планина со почеток во 11:00 часот со следната: П р о г р а м а СЛАВЕЈ ПЛАНИНА, 11:00 часот: – Полагање на свежо цвеќе пред споменикот. – Поздравна реч на ВД претседателот на ГО на СБМ, Верка Бунтеска. – Пригодно…

повеќе...

Одржана конститутивна седница на Претседателството на ОпО на СБ – Охрид и Дебрца

Претседателството на ОпО на СБ – Охрид и Дебрца, ја одржа својата конститутивна седница во нов состав. Како што информираат, на седницата биле усвоени повеќе работни документи, направен е осврт на работата во изминатите 6 месеци и трасиран е патот во остварувањето на целите и задачите во наредниот период, согласно статутарните определби и програмските насоки. „Претседателството оцени дека живееме и работиме во тешки и сложени општествени, економски и безбедносни состојби. СБ на Македонија како непартиска, невладина, патриотска, мултиетничка и единствена организација на учесниците во НОАВМ 1941-1945 година, низ која се изборени…

повеќе...

Свечена прослава во Дебрца по повод 9 мај Јубилеј 70 години од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, a по повод јубилејот 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, организираат прослава која ќе се оддржи на 9-ти мај ( сабота ) со следната програма:  09:00 часот: Поаѓање од Охрид за Дебрца 10:30 часот: Споменик на револуцијата, победата и слободата ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебрца – Полагање цвеќе. Пригодна реч на Гоце Георгиески – претседател…

повеќе...

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ќе одржи трибина на 4-ти мај

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, во рамките на прославата на 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот, по повод 35 годишнината од смртта на Јосип Броз Тито и 112 години од смртта на Гоце Делчев, организира Свечен собир (трибина) во просториите на Организацијата на 4-ти Мај (понеделник) со почеток во 11:00 часот.

повеќе...

Утре ќе се одбележи 71 годишнината од битката кај Српница

Општинската организација на Сојузот на Борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 71 годишнината од битката кај Српница, утре, 29-ти април , ќе го одбележи овој значаен датум со следната  П Р О Г Р А М А 10:00ч. – Полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во село Лешани 10:30ч. – Полагање на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница. За значењето на овој настан пригодно обраќање ќе…

повеќе...

Ќе се организира трибина „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29 Ноември ќе организира трибина на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“. За овој значаен настан ќе зборува Наце Иваноски професор по историја. Трибината ќе се одржи утре, 28 Ноември (петок) во просториите на Организацијата (Барака „Гранит“), со почеток во 11:00 часот.

повеќе...