Празничен прием за делегацијата на Сојузот на борците од НОАВМ

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на одбележувањето на 7 ноември- Денот на ослободувањето на Охрид имеше празнична средба со делегација на Сојузот на борците од Народно- осолободителната антифашистичка војна на Македонија. На средбата на која присуствуваше и пратеникот Александар Николоски, претседателот на Сојузот на борците од НОАВМ Гоце Георгиевски, се заблагодари за поддршката од општина Охрид и заедничкото одбележување на значајни јубилеи од настани во Народно- ослободителната антифашистичка војна во Македонија.Заеднички беше констатирано дека соработката ќе се интензивира и дека општина Охрид, во рамките на…

повеќе...

Меморандум за соработка помеѓу Царинската Управа и Сојуз на стопански комори

Соработката меѓу Царинската Управа на Република Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК),  беше официјализирана со потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Наташа Радеска Крстевска, директор на Царинската Управа и Данела Арсовска, претседател на ССК. Главните цели на Меморандумот се однесуваат на организирање на обуки за бизнис заедницата како и согледување на потребата и темите за нивна реализација. Од септември годинава, Царинската Управа и ССК партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за…

повеќе...