Репортажа за Охрид во „Croatian Traveller“

Репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и луѓе“ е објавена на пет страници во престижното хрватско списание „Croatian Traveller“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, кој специјално го даде за ова хрватско списание. Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој. Целта на ваквите промоции е истакнување на целокупната туристичка понуда која ја нуди градот, но и Охрид како дел од…

повеќе...

Хаику поезијата од Пере Ристески објавена во австралиско списание

Неколку хаику песни од охридскиот поет Пере Ристески се објавени во списанието FreeXpression, што излегува во Сиднеј, Австралија. Ова реномирано списание излегува два пати годишно, во печатена верзија. Основано е во 1993 година, од Синтија Роу, која исто така е и претседател на Хаику Асоцијацијата од Австралија. Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија, антологии на повеќе светски јазици.

повеќе...

„Лице в лице“ ја одбележува Неделата на продавачи на уличен печат

Продавачите на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“ ќе бидат во фокусот на третото одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат која се одржува од 2 до 8 февруари во повеќе земји низ светот. Станува збор за годишен настан кој се одржува во првата недела од февруари, а целта е да се слави работата на продавачите на 114-те улични списанија и весници од 35 земји од целиот свет и да се поттикне јавноста да размислува за предизвиците и проблемите со кои што тие се соочуваат, како…

повеќе...

Над 200 деца со прекрасни цртежи за „Мојот дом“

Тешка работа имаше жирито за да ги одбере најдобрите цртежи кои ги изработија деца од пет до 10 години, кои учествуваа на ликовниот конкурс „Мојот дом“ на платформата за активизам „Лице в лице“, во пресрет на излегувањето на новиот број на истоименото улично списание. Пристигнаа над 220 цртежи, од кои жирито, во состав Сергеј Андреевски, ликовен уметник, Зоран Инадески, графички дизајнер на „Лице в лице“ и Венди Аџиева, програмски менаџер од организацијата „Хабитат“ Македонија, ги одбраа цртежите на следниве деца, кои се издвојуваат по својата креативност и оригиналност:Прво место доби…

повеќе...

„Лице в лице“ избира најдобар цртеж на тема „Мојот дом“

Во пресрет на подготовката на новиот број на „Лице в лице“, чија носечка тема е „Правото на домување“, го распишуваме конкурсот за ликовни творби на тема „Мојот дом“ на кој сите деца од пет до 10 годишна возраст можат да ја споделат својата идеја за домот. Конкурсот трае од денеска, 10-ти ноември и ќе биде отворен до 24-ти овој месец, до кога ќе ги очекуваме творбите на малите креативци во дигитална (скенирана) верзија на нашиот мејл licevlice@cma.mk. Може да се испраќаат скенирани верзии на цртежи направени на хартија, или пак…

повеќе...

Охрид ги отвори вратите за новите продавачи на „Лице в лице“

По Скопје, Неготино, Битола и Струга, од денеска и Охрид е градот во кој се прошири продажната мрежа на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“. Во партнерство со Црвен крст Охрид, двајцата продавачи Снежана и Љупчо го понудија списанието на жителите на Охрид, но и на туристите кои го посетуваат градот под заштита на УНЕСКО. Тие со продажбата на еден примерок заработуваат половина од цената на списанието (сто денари), и имаат можност да бидат дел од моделот на улично списание кое социјално и економски ги зајакнува маргинализираните граѓани…

повеќе...

Од утре на граѓаните, гостите и туристите во Охрид ќе им биде достапно уличното списание „Лице в лице“

Во рамките на своите активности за помош и поддршка на ранливите-маргинализирани групи на население на територијата на Охрид, Црвен крст Охрид од утре, и на граѓаните, гостите и туристите во Охрид, ќе овозможи достапност до единственото македонско улично списание „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“. Соодветно обучени продавачи кои потекнуваат од социјално загрозените и ранливи категории на граѓани, со помош и поддршка на волонтерите на Црвен крст Охрид, ќе бидат достапни на јавни и фреквентни места во Охрид (охридската чаршија, кејот, плажите и сл.) за сите охриѓани и гости кои сакаат да прочитаат…

повеќе...

Светски познатото списание „HOLIDAY MAGAZIN“ пишува за убавините на Охрид

На неколку страни во престижното турско списание кое се печати на руски и англиски јазик, се пишува за Охрид како бисер на Балканот. Охридското езеро е опишано како едно од најубавите природни езера сместено во западниот дел на Македонија , а за Охрид како град кој со своите природни и културно- историски убавини е под заштита на УНЕСКО. Во одделен пасус се пишува за музичко сценската манифестација „Охридско Лето“. HOLIDAY MAGAZIN е доста популарно списание во светски рамки и се дистрибуира во големите аеродроми и трговски центри ширум Светов. Големата…

повеќе...