Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона. Во една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина на задачата. Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца. Атмосферата во…

повеќе...

Натпреварот Вардар – Фенербахче ќе биде организиран по примерот на УЕФА Супер-Купот

Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра утре (четврток) со почеток во 20:00 часот на „Телеком Арената“, во договор со МВР, ќе биде организиран по примерот на европскиот Супер-Куп кој што се одигра минатата недела. ФК Вардар доби казни од страна на УЕФА за минатите два натпревари, за истакнување на неонацистички знамиња, за употреба на пиротехника, за седење на скали и за извикување против УЕФА. При влезот ќе бидат одземени секаков вид на знамиња и пиротехника, а секој оној кој ќе седи на скали ќе биде веднаш…

повеќе...

Охрид домаќин на најголемиот музички настан „Ohrid calling“

По Лондон, Белград и Загреб и Охрид станува центар на светски музички имиња. Од 1-ви август со настапите на светски познатите ди -џеи Nicky Romero и Lost Frequences заикажани на стадионот „Билјанини извори“, Охрид станува домаќин на најголемиот музички настан годинава, „Ohrid calling“. Локалната самоуправа и Авалон продукција како организатори на случувањето очекуваат неколку илјадна публика ако се земе во предвид дека во рамки на фестивалот на 13 август е закажан настапот на легендарниот гитарист Al Di Meola, а ден потоа на СРЦ „Билјанини извори“ е настапот на светската рок…

повеќе...

Концерт на Дино Мерлин на 23 јули во Охрид

Балканскиот пејач Дино Мерлин на 23ти јули ќе одржи голем концерт на градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид. На концертот, тој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како и песните од својот последен албум „Хотел Национал”, кој лани го промовираше и во Скопје. Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели 7 години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика.  

повеќе...

Охриѓани гледаа прволигашки фудбал

Охриѓани имаа можност да гледаат прволигашки фудбал. Одложениот натпревар од четвртото коло од Првата МФЛ помеѓу ФК Младост Царев Двор и ФК Работнички се играше на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Работнички го доби овој натпревар со убедливи 3:0, но не беше убедлива и играта на Работнички. Првото полувреме според играта можеби беше и најреално да заврши нерешено, но разлика направи досудениот пенал во судиското продолжение (45+1′) и црвениот картон за Гроздановски. Сигурен реализатор на пеналот за Работнички беше Блаже Илијоски. Во второто полувреме доминираа гостите, односно тимот на Работнички.…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во обиколка на фудбалскиот терен со вештачка трева

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес на лице место , констатираше како се одвиваат градежните активности за изградба на теренот за фудбал на вештачка трева кои се во завршна фаза. Станува збор за крупна инвестиција на Општина Охрид , ФФМ и европската куќа на фудбалот УЕФА, вредна околу 300. 000 евра или околу 20 милиони денари. Теренот на вештачка трева кој е во рамки на ЈП “Билјанини извори“ е еден од најсовремените во Македонија, а со неговата изградба ќе се комплетира понудата за спортски туризам во општина Охрид. „Станува збор за едно…

повеќе...