Се реконструираат улиците во стариот дел на Охрид

Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај. Претходно беа реконструирани улиците „ Кузман Капидан“, „ Ангел Маринчев“ и „ Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „ Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.

повеќе...

Интензивно тече проектот за ентериерно уредување во Музејот на Робевци во Охрид

Во рамките на проектот кој е дел од програмата на Владата за обнова на поставките во музеите низ Република Македонија, со поддршка на Министерството за култура се реализира обновата на музејските поставки во 16 национални установи. Со овој повеќегодишен проект за воспоставување постојани поставки во националните музеи од сите области: археологија, историја, историја на уметноста, етнологија, современа уметност и природонаука, музејските институции ќе добијат најрепрезентативни постојани музејски поставки, атрактивно конципирани простори кои ќе имаат современи облици на презентација на музејските експонати и кои ќе овозможат една интеракција со посетителите. Во…

повеќе...

Се реконструираат улици и потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше на увид на градежните активности кои се завршени или во тек на улиците „Кирил и Методиј“ „Кузман Капидан’“ и „Илинденска“ во стариот дел на Охрид, а кои се однесуваат на реконструкција и санација на плочникот и потпорните ѕидови. Градоначалникот најави дека во насока на одржување и зачувување на автентичниот изглед, активностите за реконструкција и преуредување на камените и гранитни коцки и санација на потпорните ѕидови наредниов период ќе продолжат речиси низ сите останати улици во старото градско јадро. На задоволство на жителите на…

повеќе...

Интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид, според искуствата од Каен, Франција

Денеска пред Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на расправа е предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Во меѓувреме, охридската локална власт го финализираше Планот за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. Планот е работен во рамките на проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“ , финансиран од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу француската провинција Долна Нормандија и Македонија, преку Асоцијацијата на агенции за локална демократија и Општина…

повеќе...