Четири години со Вас – WebOhrid!

Почитувани читатели и наши верни пријатели! Нашиот медиум WebOhrid благодарение на сите вас постои веќе полни 4 години. Вие нé следите секој ден и постојано сте тука, каде може да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни вести и информации. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! 12-ти Декември е наш заеднички ден, бидете со стил, со добра мисла и со добра намера!…

повеќе...

WebOhrid е номиниран во три категории за „Сајт на годината 2016“

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами…

повеќе...

Бесплатно презентирање на туристичката понуда

Општина Охрид ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и други субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку веб страната www.ipult.info. За таа цел потребно е да се испратат информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени на информативните “touch screen” уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите. Воедно се повикуваат сите регистрирани станоиздавачи и хотели, своите понуди да…

повеќе...

Ќе се избира најдобра училишна веб страна

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска информираше дека Министерството за образование и наука ќе организира државен натпревар за избор на најдобра веб страна за основните и средните училишта за учебната 2015/2016 година. Ристовски упати апел сите ученици да учествуваат на натпреварот, потенцирајќи дека квалитетот, оригиналноста на дизајнот и функционалноста на изработените страници, ќе бидат пресудни за победа. Веб страната треба да ја изработат редовни ученици кои ќе бидат предводени од најмалку еден наставник од училиштето, при што не смее да се користи готов урнек. „Зголемувањето на креативниот…

повеќе...

Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најдобра училишна веб страна“

Министерството за образование и наука распишува јавен повик за избор на „Најдобра училишна веб страна“. I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО 1. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија може да учествува при изборот за најдобра училишна веб страна во една од двете категории: основно училиште и средно училиште. 2. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија на повикот за најдобра училишна веб страна може да учествува со пријавување на само една веб страна. 3. Веб страната мора да е изработена од страна на редовни ученици во училиштето,…

повеќе...

Веб страница за вработените во администрацијата

Министерството за информатичко општество и администрација денеска ја промовираше веб страницата administrаcija.mk наменета за сите вработени во јавната и во државната администрација. На веб страницата се наоѓаат сите законски акти што се однесуваат на администрацијата, каталогот на работни позиции кој содржи 3.300 работни места и 12 примероци за систематизација кои треба да бидат олеснување за институциите полесно да ја направат сопствената систематизација. Веб страницата се промовира во пресрет на стапувањето во сила на двата закона за вработените во администрацијата кои ќе почнат да се применуваат од 13 февруари. – Секоја…

повеќе...

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар на своите интернет страни ги објавија ранг листите на наставници во основното и средното образование

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар на своите интернет страни ги објавија ранг листите на наставници во основното и средното образование, а согласно извештаите со резултатите од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците од учебната 2013/2014 година. Согласно овие резултати, во основното образование наставници со најмали отстапувања при оценувањето на учениците има вкупно 4.080, додека наставници со најголеми отстапувањa при екстерното оценување на успехот учениците има вкупно 1.321. Во средно образование наставници со најмали отстапувања во оценувањето на учениците има вкупно 1.354, а вкупно…

повеќе...

Македонија промовирана на официјалната фејсбук страница на часот на планетата земја

Денеска на официјалната фејсбук страница на светската волонтерска акција Earth Hour (Часот на планетата Земја) беа објавени фотографии и текст со кои се промовираше учеството на нашата земја во ова светско случување. Во текстот се вели дека желбата на Македонија за да се направи промена на нашата планета е голема, а во продолжение е напишано дека голем број познати личности од Македонија и регионот се вклучија во акцијата и ги исклучија своите светилки, што придонесе градот Скопје да ја награди со титулата „Најдобра еколошка акција за 2014 година“. Освен текстот,…

повеќе...

Промовиран проектот – „Предложете сообраќајна контрола на веб-страницата на МВР“

Факт е дека нема граѓанин кој не е засегнат од состојбите во сообраќајот и дека се зголемува граѓанскиот активизам, односно сугестиите, мислењата и забелешките за одредени проблеми. Затоа со проектот предвидовме граѓаните да можат на интернет страната на Министерството да испратат некаква информација или забелешка за одредени неправилности на одредени улици на кои честопати биле сведоци. Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на денешната прес конференција на која што беше промовиран новиот од низата проекти на МВР – „Предложете сообраќајна контрола на веб-страницата на МВР“ –…

повеќе...