После дожд – сонце

По дождливата ноќ во Охрид и слабата снежна покривка на Петрино, сонцето и тоа како беше добредојдено. Голем број охриѓани излегоа на прошетка, а вообичаена слика на каналот „Студенчишта“ за време на викендите се и рибарите. Според УХМР, и утре не очекува претежно сончево, но малку потопло време, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.  WebOhrid

повеќе...

Ставено во употреба реконструираното детско игралиште кај „Студенчишта“

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и амбасадорката на Р. Германија во Р. Македонија, Кристине Д. Алтхаузер, денес официјално го ставија во употреба реконструираното и проширено детско игралиште кај каналот „Студенчишта“. Станува збор за проект што општината го реализираше со поддршка на германската амбасада за што доби гранд во износ од околу 8.000 евра. „Со овие средства се набавија реквизитите и играчките додека општина Охрид учествуваше во делот на целосно уредување на подлогата за конечно игралиштето да го добие овој изглед којшто го има денес“. – рече градоначалникот Никола Бакрачески посочувајќи…

повеќе...