Донирана интерактивна табла во ОУ „Братство-Единство“

Денес во ОУ „Братство Единство“ од Охрид беше донирана интерактивна табла од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. ОУ „Братство Единство е едно од модел училиштата за МИО вклучени во Проектот. Токму поради покажаните резултати во насока на унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието, како и позитивните практики на долгорочни заеднички активности, училиштето го доби ова признание. Признанијата од ваков тип само дополнително ја поттикнуваат мисијата на училиштето да продолжи со негување на овие практики, кои полека но сигурно, стануваат типичен сегмент од нашето секојдневие. WebOhrid

повеќе...

Пристигна и втората електронска табла во ОУ „Живко Чинго“

Пристигна и втората интерактивна електронска табла во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, со цел учениците да имаат подобро образование. Првата табла учениците ја добија пред околу еден месец, која е донација од американското здружение Macedonian school project, додека пак оваа табла, училиштето ја набави со сопствени финансиски средства. „Со овие интерактивни електронски табли, наставниците ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатуваат предавањата и ќе им дадат поголемо знаење на учениците.“– информираат од ОУ „Живко Чинго“. Оттаму додаваат дека во второто полугодие од учебната 2016/2017 година ќе биде набавена и уште една…

повеќе...

Нови бандери – идеални за огласи

Тукушто поставени бандери низ Охрид, а граѓаните веќе „ги ставија“ во употреба. На една од нив осамна оглас: „ПРОДАВАМ – ВНАТРШНИ ВРАТИ-И-ПРОZОРИ телефон-070 ххх-ххх“ Според изгледот и квалитетот на дрвената табла, тешко дека некој ќе биде заинтересиран да се јави на овој оглас. WebOhrid

повеќе...

Поставена нова табла на влезот од Битола во Охрид

Деновиве во Охрид, поточно на влезот од Битола кон Охрид поставена е нова табла со натпис „Welcome to Ohrid“ односно „Добродојдовте во Охрид“. Таблата е лоцирана на кружниот тек кај ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на која е поставен и грбот на Општина Охрид. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат нови информативни табли

ЈП „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици а согласно одлуките на Советот на општина Охрид, започна со замена на старите информативни табли низ институциите кои се под надлежност на општина Охрид. Веќе е заменета информативната табла кај средното економско училиште „Кирил и Методиј“. Покрај новото име на оваа информативна табла е и новиот грб на општина Охрид. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици потенцираат дека нови информативни табли со новиот грб на општината ќе бидат поставени низ сите општински институции. Во текот на оваа…

повеќе...