Втор случај на украдени регистерски таблички во Р. Грција

Граничната полиција евидентирала случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 23.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Б.Ј. од Скопје, пријавено е дека на 21.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдена му е предната регистарска табличка од ПМВ „Ауди“. Ова е втор случај во кои сеукрадени регистарски таблички, а досега се регистрирани шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Уште еден случај на кражба на македонска регистарска табличка во соседна Грција

Во текот на викендот, поточно на 19 овој месец на ГП „Богородица“ е пријавен уште еден случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин во соседна Грција. Случајот е пријавен од страна на лицето М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото марка ,,Митсубиши’’ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила на 17.10. во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција. Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и…

повеќе...

Нов случај на украдени регистарски ознаки во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето З.М. од Прилеп во чија сопственост е возилото марка „Форд“ на кое е одземена предната регистарска ознака на возилото. Кражбата на регистарската ознака се случила вчера во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува четиринаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.

повеќе...

Ново оштетување на возило со македонски таблички во соседна Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето В.Г. од Струмица во чија сопственост е возилото марка „Цитроен – Берлинго 6“ на кое е скршено стакло од предната лева врата на возилото. Оштетувањето се случило вчера во близина на Бутковско езеро, Р. Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција но за истото не добил Записник. Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година…

повеќе...