Јанкулоска: Справувањето со тероризмот бара заеднички пристап

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска учествува на министерскиот форум за внатрешни работи и за правда „ЕУ – Западен Балкан“, што во организација на италијанското претседателство со ЕУ се одржува во Белград. „Државите се повеќе се загрижени за својата безбедност од феноменот на странски терористички борци. Несомнено справувањето со овој проблем наметнува сеопфатен пристап кој ќе обедини мерки за спречување на радикализацијата која води кон тероризам, пресекување на финансиската подршка на терористичките организации, енергична борба против насилниот екстремизам, како и промовирање на политичка и верска толеранција“, истакнала министерката Јанкулоска…

повеќе...