Автомобил удри во неосветлен трактор на патот Подмоље – Струга

Четири лица се здобија со телесни повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга. Повредените Н.С. (39), О.С. (35) и едно малолетно лице, сите од Охрид, со амбулантно возило се префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во болницата, на понатамошно лекување задржан е С.Д. (52) од струшкото село Радолишта. Во сообраќајната незгода учествувале возило Трактор со приколка ИМБ со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.К. (43) од струшкото село Мороишта,…

повеќе...

Трактор преполн со отпад излета во провалија во Коњско

Денес околу 11:00 часот во охридското село Долно Коњско, на удолницата веднаш до училиштето „Св.Наум Охридски“, трактор од „Охридски Комуналец“ со преполна приколка отпад заврши во провалија, а притоа „скина“ и една бандера. За среќа, учениците беа на час. На лице место пристигна амбулантно возило, а возачот иако без видни повреди, превентивно беше пренесен на понатамошни лекарски прегледи. Нешто по 15 часот, тракторот беше извлечен од провалијата, а бандерата беше прицврстена со бетонска подлога. WebOhrid

повеќе...

Незири: Ќе се намалат трошоците за регистрација на трактори

Регистрација на тракторите на шест години и технички преглед на секои две години, задолжитено мерење на емисијата на издувни гасови на возилата при технички преглед и регистрација, скратување на рокот на чекање одговор од Бирото за метрологија за увезени возила…, се дел од измените на Законот за возила кои биле усвоени на последната владина седница, а ги презентираше денеска министерот за економија Беким Незири. „Тие имаат за цел да ја зголемат ефикасноста на институциите односно на Бирото за метрологија, да ги намалат трошоците кај земјоделците и сточарите во делот за…

повеќе...