Минибус се судри со автомобил на „Туристичка“

Вечерва околу 19:30 часот на булеварот „Туристичка“ наспроти Државниот архив во Охрид, се случи сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки и охридски минибус „Фолксваген“.  На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, при што беше регулиран и сообраќајот, како би се избегнал поголем застој на кружниот тек. WebOhrid

повеќе...

Се чистат јавните површини на влезот од Охрид

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го чистат поширокото подрачје на влезот од Охрид, кај детското игралиште на Булевар „Туристичка“. Согласно утврдената динамика и план се очекува акцијата да заврши во текот на денешниот ден. ЈП „Охридски Комуналец“ периодов реализира низа акции за чистење на јавни површини и добра низ целата територија на општина Охрид. Веќе се исчистени регионалниот пат Охрид- Св. Наум и локалниот патен правец Орман- Лакочереј. Изминатиов период се санираа и чистеа и речните корита и охридските реки. Од Секторот за комунален развој при општина Охрид најавуваат…

повеќе...

Хортикултурно уредени „Железничка“ и „Булеварот Туристичка“

Започнувајќи од 13 мај годинава, ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализира втората фаза од уредувањето на бетонската жардинерија на улицата „Железничка“. Жардинеријата хортикултурно се уредува со засадување на декоративни зимзелени растенија од видовите пироканта, вибрунум, берберис, елата и лоницера, кои нема да пречата на видливоста на возилата и безбедното одвивање на сообраќајот. Досега  е засадено 60% од целата должина на сообраќајницата со 1100 садници. На булеварот Туристичка, поставено е црево за наводнување на вегетацијата со вкупно 350 прскалки. За жал и на двете сообраќајници, направени се оштетувања, односно украдени се 70…

повеќе...