„Подари цвет – разубави свет“ – учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ги посетија жените пензионерки

По повод 8 Март – Денот на жената, под мотото „Подари цвет – разубави свет“ учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, традиционално ги посетија припадничките на понежниот пол во Здружението на пензионери. Учениците беа дел од креативна работилница, во која изработија цветови од хартија, приготвија вкусни колачи и десерти и им го честитаа празникот со стиховите од поетот Гане Тодороски: „Жената е… жената е … вита ива миризлива, мека трева што подгрева, боцкав венец крај кладенец, мрава, сешто што преправа, кревко птице назимниче, тивка соба во злодоба, прва љуба…

повеќе...

Завршен испит на матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците од средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори во кабинетот за готварство, готвачите ги покажаа своите вештини во кујната за подготвување на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, додека пак во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување. За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок. Со…

повеќе...

Средношколци од „Ванчо Питошески“ победници на Државниот кулинарскиот натпревар

Во Скопје се одржа финалето на државниот кулинарски натпревар во подготовка на јадења од квалитетно живинско месо „МОЕ НАЈ МЕСО“. Тимот од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид како првопласирана екипа на финалниот натпревар и победник на кулинарскиот натпревар ја доби првата награда: СТРУЧНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА НА 3 ДЕНА! Резултати и пласман на екипите: 1 место: Ивана Петкоска, Ивана Николоска и Емилија Јовческа Пофалница: Дарко Трајкоски, Стефан Новакоски и Ненад Јовановиќ. Ментор на екипите проф. Блаже Јорданоски. На натпреварот учествуваа првопласираните и второпласираните натпреварувачки екипи од двата полифинални…

повеќе...

Утре ќе се одржи јавна расправа за Законот за угостителска дејност

Поради потребата од допрецизирање и евентуални измени и дополнувања на одредени членови од Законот за угостителска дејност, Секторот за туризам и локален економски развој, утре (среда) во 13 часот во малата сала на општина Охрид организира јавна расправа. На јавната расправа се поканети пратеници во Собранието на Република Македонија, советници од Советот на општина Охрид, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Факултетот за туризам и угостителство, ХОТАМ, туристички агенции и вршители на угостителска дејност. Имајќи ги во предвид постоечките одредби од Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на…

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ се запознаа со Даночниот систем на РМ

Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање за учениците од трета година на тема: „Општо запознавање со Даночниот систем на РМ“, во рамките на проектот „Фискална едукација на младите“, а во организација на Управата за јавни приходи и Министерството за образование и наука. „Средношколците како дел од младата популација, идни студенти и академски граѓани на Македонија, имаа можност да добијат појасна слика и визија за тоа што претставува данокот и која е општествената корист од плаќањето на даноците.“- вели заменик директорот на училиштето, Перчо Божиновски. Преку практичните искуства пренесени…

повеќе...

Формиранa портокалова панделка во дворот на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вклучи во кампањата за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките“, како дел од глобалниот активизам, што трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија. Под мотото „Обој го светот во портокалово, стави точка“ и „#HerForShe“ денеска во дворот на Училиштето учениците и професорите формираа голема „портокалова панделка направена од луѓе“, со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство. Претседателот на…

повеќе...

Цените на угостителските услуги непроменети во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2015 година, во споредба со септември 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.7%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во…

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во акцијата „За посреќно детство“

ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид даде свој придонес со поддршка за спортско рекреативната хуманитарна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на „Црвен Крст“ – Охрид. Учениците од Младинската организација како волонтери беа вклучени во целокупната организација на настанот, додека пак професорката Катерина Стојаноска беше одговорна за учеството на спортските игри со учениците од паралелките за ракомет, фудбал и кошарка презентирајќи ги спортските способности и вештини на присутните. Под мотото „Дружи се, спортувај, забавувај се, биди хуман“! тие учествуваа на спортските игри на Градскиот плоштад со цел да се донираат средства…

повеќе...