Охрид полн со гости за Илинден

Деновиве Охрид е полн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е секогаш исполнет со домашни и странски гости за празникот Илинден. Летните горештини ги наполнија охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid

повеќе...

ДЗС: Угостителските услуги во февруари пониски за 0,1 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во споредба со јануари 2017 година, е намален за 0.1%. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Ноќевања за 0.7%. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во…

повеќе...

Цените во угостителството без промени

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во споредба со декември 2016 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.

повеќе...

Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во споредба со ноември 2016 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...

Компанијата „Камфуд“ во преговори со познат хотелски бренд за изградба на супер модерен хотел во Охрид

Македонската компанија „Камфуд“ е во напредна фаза во преговорите со еден од најреномираните светски хотелски брендови за изградба на хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридското Езеро. „Она што до овој момент можеме да го кажеме е дека преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Во оваа фаза можеме да потврдиме Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ дел од Детските Рацинови средби

Учениците од охридските училишта постигнаа голем успех на поетската манифестација „49 Детски Рацинови средби“, која се одржа во организација на клубот на писатели „Коста Солев-Рацин“ од Велес. Со Пофалници се стекнаа тројца ученици и нивните ментори професорите по македонски јазик и литература.  Во категоријата средни училишта Сергеј Костовски од ОУТУ „Ванчо Питошески”под менторство на проф. Перчо Божиновски. Во категоријата основни училишта: Јована Димитрова од ОУ „Братство Единство”со менторот проф. Јованка Љаткоска и Михаела Василевска од ОУ „Кочо Рацин” и менторот проф. Ивана Рилкова-Томеска.  Учениците имаа чест да бидат избрани и пофалени…

повеќе...

По четврти пат одржана манифестацијата „Охридска софра 2016“

Со палењето на ѓомлезарските огнови, утринава во 8 часот, на просторот до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Скребатно, започна четвртата туристичко- промотивна манифестација „Охридска софра“. Манифестацијата, што традиционално ја организира Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој,со помош на бројни спонзори и донатори, помина во несекојдневно дружење и уживање во вкусовите на традиционалната охридска кујна и музиката на групата „Низалка“, во прекрасниот манастирски амбиен каде природата се распослала со сета божествена убавина. Туристичко промотивната манифестација „Охридска софра“ во присуство на учесниците и бројните гости, меѓу…

повеќе...

Зголемени цените на угостителските услуги во март

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2016 година, во споредба со февруари 2016 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- март 2016 година, во однос наистиот период од минатата година, е зголемен…

повеќе...

Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2016 година, во споредба со јануари 2016 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.3%. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-февруари 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.6%, додека во однос…

повеќе...