Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули годинава, во споредба со јуни годинава, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2015 година, во однос на истиот месец од претходнатагодина, е зголемен за 0.1%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.3%.
повеќе...Tag: угостителство
Акциски контроли за заштита од бучава во угостителски објекти во Охрид
Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид, изминативе денови ги изврши самостојно, но и во содејство со надлежните инспекциски служби од Локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди. Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти односно…
повеќе...Откриени акцизни неправилности кај 6 угостителски објекти во Дојран
На 25-ти јули комбинирани тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи извршија координирани контроли во повеќе угостителски објекти во Дојран. Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. При контролата во 6 угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци. Притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за…
повеќе...Полицајци и родители ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид
Мешани полициско-родителски патроли, вечерва ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид. Заедно со родителите кои добро- волно се пријавија да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе бидат и претставници на локалната самоуправа, претседатели на урбани заедници, претставници од основните и средните школи, од училишните одбори, од советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми. Тоа е можност родителите да видат каде младите се забавуваат, какви се условите каде што децата се забавуваат, кои се угостителските места кои најчесто се посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на…
повеќе...„Мешани патроли“ ќе патролираат низ охридските угостителски објекти
Мешани полициско-родителски патроли, утревечер ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид. Заедно со родителите кои доброволно се пријавија да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе бидат и претставници на локалната самоуправа, претседатели на урбани заедници, претставници од основните и средните школи, од училишните одбори, од советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми. Тоа е можност родителите да видат каде младите се забавуваат, какви се условите каде што децата се забавуваат, кои се угостителските места кои најчесто се посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични…
повеќе...Повисоки цените на угостителските услуги
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во споредба со мај 2015 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јуни 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос…
повеќе...Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на Летен камп за средношколци
Членовите на Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22-ри до 24-ти јуни учествуваа на летниот камп за средношколци. Учесници на кампот беа Дајана Сиљаноска, Игор Дуноски, Анастасија Чутрова и Џемил Јакуповски. Кампот е дел од проектот „Претприемач да се биде или не“, поддржан од „YES Network“ – мрежата за млади претприемачи со фондови од Европската Унија. На кампот се изучуваа основите на претприеништвото, креативното размислување, тимска работа, лидерство. Кампот беше наменет за сите средношколци кои сакаат да работаат сами за себе и да основаат сопствен бизнис, за сите оние…
повеќе...Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ги презентираа стекнатите вештини од кулинарството и угостителското послужување
Учениците од средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори во кабинетот за готварство, готвачите ги покажаа своите вештини во кујната за подготвување на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, додека пак во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување. „За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок. Со…
повеќе...ОУТУ „Ванчо Питошески“ врши упис на ученици во прва година
ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2015/2016 г. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа: – Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование); за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование). – Во спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план за спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал. Приемот на документи…
повеќе...Златните медали и златниот пехар препознатливост за ОУТУ „Ванчо Питошески“
Не престануваат да се нижат успесите. Високо горе на пиедесталот е местото каде што учениците веќе се навикнаа на наградите да им сјае златниот медал, а пред нив пехарот златен. Приматот од фудбалскиот куп „Coca-Cola“ повторно во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. Стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје денес беше домаќин на големото фудбалско финале на „Coca-Cola“ Купот во организација на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи во соработка со основните и средните училишта и општините. Момчиња и девојчиња од 12 до…
повеќе...