Ученици и професори од Белгија во посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Во рамките на соработката со туристичката агенција „Ohrid Holidays“ во двонеделна посета на ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа професори и ученици од Белгија. На самото пристигнување преку културно-уметничка програма на гостите им беше презентирано училиштето, а потоа градот Охрид и Македонија. За време на посетата учениците се запознаа како се одвива теоретската и практичната наставата во училиштето, заедно подготвуваа специјалитети од трациционалните кујни и ги послужуваа, при што си разменија непроценливи вештини, знаења и драгоцено искуство преку корелација на образовните профили: келнер, готвач, угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и…

повеќе...

Второ место за ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Општинскиот натпревар по прва помош

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ го освоија второто место на 44-от Општинки натпревар по прва медицинска помош во организација на Црвен Крст Охрид. Екипите на натпреварот ги покажуваа своите способности, вештини и знаење на повеќе места, на пунктови распределени од градскиот плоштад, по кејот Македонија до Холандскиот парк. Натпреварите ги следеа 15 лиценцирани судии по прва помош.

повеќе...

Зголемен индексот на цените на угостителските услуги во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во споредба со март 2015 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 0.3%. Индексот на цените на угостителските услуги во април 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- април 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3%, додека во однос…

повеќе...

Дебата за предлог-измени на Законот за угостителска дејност

Министрите за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и за економија, Беким Незири, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, угостители од Скопје и претставници на куќни совети од станбени згради денеска дебатираа за предлог- измени на Законот за угостителска дејност, во врска со прашањата за зголемената бучава од угостителските објекти, и нарушувањето на јавниот ред и мир на кои се жалат граѓаните. Целта на предложените измени, потенцираа Јанкулкоска, Незири и Трајановски, е да се направи баланс помеѓу потребите за бизнисот на угостителите и барањата на граѓаните за мирно и спокојно живеење, како…

повеќе...

Зголемен индексот на цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2015 година, во споредба со февруари 2015 година, е зголемен за 0.3%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.5% и Алкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ домаќин на средношколци од Словенија

Во рамките на Еразмус плус програмата за мобилност на средношколци, две недели ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше домаќин на пет ученици и еден професор-ментор од партнер училиштето – Центарот за биотехника и туризам од Ново Место – Словенија. Учениците и професорите заедно ги разменуваа искуствата и стекнатите знаења. Готвачите во кабинетот по готварство подготвуваа и сервираа различни видови храна: пилешко, свинско и телешко месо, јадења на скара, рибина чорба, риба на охридски начин, селско месо и тавче гравче. Во кабинетот по угостителско послужување, келнерите: составуваа мени за банкет од протоколарен карактер,…

повеќе...

Индекси на цените во угостителството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2015 година, во споредба со јануари 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.2%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-февруари 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен…

повеќе...

Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2015 година, во споредба со декември 2014 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Индекси на цените во угостителството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2014 година, во споредба со ноември 2014 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1%, Алкохолни пијалаци за 0.1% и Безалкохолни пијалаци за 0.4%. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.8%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната…

повеќе...

Од 13 контролирани угостителски објекти, неправилности и глоби кај седум локали

Согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти вчера (02.01.) од страна на СВР Скопје, односно припадници на организациски единици за криминалистички работи-ЕЕКК, ЕНТ, ЕОК, ЕУМНА и припадници на Организациски единици за ОБ и ПСОН во содејство со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат на подрачје на СВР Скопје се извршени контроли во вкупно 13 правни лица – угостителски објекти. Притоа во три угостителски објекти не се детектирани никакви неправилности: констатирано е следното: ТД “БАТО-МАЏО ДООЕЛ“…

повеќе...