Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон за 2017 година

Општина Охрид за Новата 2017 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 29. 12.2016 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид. На конкурсот ќе бидат доделени три награди; Прва – 6000денари Втора – 4000денари Трета – 2000денари Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: При новогодишното украсување на…

повеќе...

Доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови

Денеска во просториите на Општина Охрид, беа доделени наградите за најубав новогодишно украсен двор. Првото место и наградата од шест илјади денари и припадна на Славка Маркулева од Охрид. Второто место им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда ја освои Аце Ѓурчиноски. На најуспешните граѓани во украсувањето на своите домови, пофалниците им ги врачи секретарот на Општина Охрид, Димиитар Спасески, кој изрази уверување дека ваквата акција придонесува кон разубавување на Охрид и збогатување на празничната атмосфера. Комисијата која ја спроведе акцијата истакна дека и оваа година имало…

повеќе...

Еве како украсуваат велосипедистите!

И велосипедистите заслужуваат малку одмор, барем додека трае зимата, студот и снегот, а велосипедот може да послужи и како новогодишен украс… Идејата е интересна и уникатна, но не е препорачливо овој пример да го следат љубителите на моторциклизмот, а уште помалку автомобилизмот. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Кочо Рацин“ овој викенд живее во духот на својот патронат

Од вчера, Основното училиште „Кочо Рацин“- Охрид започна со прославување на својот патронен празник. Од 18 до 19 часот во салата на село Долно Лакочереј се одржа продажна акција на која се продаваа новогодишни изработки од самите ученици. Патронатот продолжи со пригодна свеченост. Темата на овогодинешниот ревијален дел беше „БЕЗ ЈАЗИК СИ НИКОЈ И НИШТО“ , односно мотото е: Да си го зачуваме нашиот јазик насушен! Настапија ученици од хорот и завршните одделенија (петто и деветто). Во понеделник, на 22-ри декември, продолжува празнувањето и тоа со т.н. ОТВОРЕН ДЕН. Предвидени…

повеќе...

Охрид блесна во предновогодишен сјај

Охрид блесна во предновогодишен сјај, и според начинот на украсување истиот годинава е рамо до рамо со познатите светски метрополи. Светлечките реквизити поставени на плоштадот „Св. Климент Охридски“, кејот „Македонија“ и чаршијата се во единствена бела боја, а украсувањето е надополнето и со стари и репарирани новогодишни реквизити ѕвезди, петокраки, двојни петокраки, украсни и светлечки црева. Новогодишната елка се очекува да биде поставена во текот на утрешниот работен ден со што би се заокружил процесот на разубавување и китење на центарот од градов. Во следните работни денови ќе бидат украсени…

повеќе...

Започна новогодишното украсување на централното градско подрачје

Започна новогодишното украсување на централното градско подрачје. Екипи од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид помогнати од оперативата на ЈП “Охридски комуналец“ во текот на денешниот ден започнаа со поставување на новогодишните реквизити долж охридската чаршија. Се очекува чаршијата целосно да биде украсена до крајот на престојниов викенд а во текот на наредната недела ќе биде украсено и поширокото централно градско подрачје. Како и за минатите новогодишни празници така и годинава се очекува Охрид да блесне во полн сјај.

повеќе...