26 годишен жител од Велгошти загина во сообраќајна несреќа на улицата „Питу Гули“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што утрово во 05 часот и 25 минути се случи на улицата „Питу Гули“ во Охрид. На местото на сообраќајната незгода, животот го загуби Д.Ј. (26) од охридското село Велгошти кој, по улицата управувал патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки и се движел од „Стара бензиска“ во правец кон кружната крстосница кај Општата болница. Во критичниот момент, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната-лева сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво. Неговата…

повеќе...

Реконструкција на тротоарите и замена на дрворедот на бул. „Туристичка“ од кружниот тек со ул. „Стив Наумов“ до кружен тек со ул. „Бистрица“

Општина Охрид отпочна со реализација на првата фаза од реконструкцијата на тротоарите на бул. „Туристичка“. Активностите се предвидени во програмата на „Секторот за комунални дејности сообраќај и улици“ за 2016година. При изведувањето на земјените работи – ископ на тротоарот на двете страни од бул.„Туристичка“ на потегот од ул.„Стив Наумов“ до кружен тек со ул.„Бистрица“ констатирано е дека атмосферската канализација е на површина со длабочина од приближно 20 до 30 см од котата на готовиот постоечки тротоар. По целата должина има видливи оштетувања на цевките со што е оневозможено функционирање на…

повеќе...

Улицата „Питу Гули“ еднонасочна!?!

Улицата „Питу Гули“ е еднонасочна!?! Не е, но овој знак веќе денови наназад ги збунуваше возачите. Станува збор за сообраќајниот знак „Забрана за сообраќај во една насока“, кој кога го гледате од кружниот тек помеѓу улиците „Сирма Војвода“ и „Јане Сандански“ делува како да е забранет приодот кон  улицата „Питу Гули“. Утрово, по укажувањето од нашиот фоторепортер, а благодарение на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои се најдоа на лице место, овој знак беше вратен во неговата првобитна положба. WebOhrid

повеќе...

Се расчистува ул. „Железничка“

Согласно програмата за работа и зимско одржување на магистралните патишта (ул. „Железничка“, бул. „Туристичка“ и ул. „15ти корпус“) обврска има ЈП „Македонија Пат” и истата завршува на 15ти Март, но затоа што нема најави за ниски температури и снег, 15тина дена порано екипите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со отстранување на сите абразивни средства фрлени во зимскиот период од страна на ЈП „Македонија Пат”. „Ангажирани се 8 работници кои во наредните 3-4 дена ќе извршат темелно и генерално отстранување на истите. Се работи за поголема делница и големи количини на…

повеќе...

Се расчистуваше улицата „Марко Цепенков“

Во текот на вчерашниот ден, но и денес, екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на зараснатите тротоари на улицата „Марко Цепенков” на потегот од инфективното одделение до кружното на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски”. „Ангажирани беа четворица работници, при што отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и ја попречуваа видливоста на сообраќајните знаци.“– информираат од претпријатието. Во текот на наредните денови акцијата ќе продолжи и во стариот дел…

повеќе...

Се уредува тротоарот на улицата „Никола Карев“

Јавното претпријатие „Никоградба“, изведува градежни активности на улица „Никола Карев“ од музичкото училиште „Методи Патчев“ до раскрсницата со Бул. АСНОМ. Се поплочува тротоар со бекатонска подлога во должина од 700 метри- 1400 м2 . Изведбата на тротоарот ќе придонесе за зголемување на безбедноста на движење на пешаците и подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните.

повеќе...

Превртени контејнери на улицата „Никола Карев“

Вандалите продолжуваат да го нагрдуваат Охрид. Овој пат нивна мета беа три контејнери со отпад на улицата „Никола Карев“. Рано утрово, нашата екипа ги затекна овие контејнери кои беа превртени и оставени на сред улица.  WebOhrid

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул „Ариф Мустафа“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект кој настана во утринските часови ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Ариф Мустафа“ до 12:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на санација на дефектот.

повеќе...

Нова водоводна линија на улицата „Будва“

За подобрување на водоснабдувањето, МЈП „Проаква“ – Работна единица „Водовод“ од Охрид, во соработка со Локалната самоуправа, започна со изведба на првата фаза од новата водоводна линија на улицата „Будва“.Новата водоводна линија ќе биде со должина од 220 метри и профил на цевките од ф-110мм. Екипите на РЕ „Водовод“ денеска работат на санација на дефекти во селото Велгошти и на улицата „Сатеска“, а на улицата „Аџи Мустафа“ се изведува главен приклучок за новата водоводна линија.

повеќе...

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на главна водоводна линија ф450мм, утре, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „1-ва Мак.ударна бригада“,„15-ти Корпус“, дел од ул.„Питу Гули“ и дел од с.Лескоец. Прекинот ќе биде од 08:00 часот па се до отстранување на дефектот.

повеќе...