Музички хепенинг во Охрид во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Со културно-уметничка програма, денес пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа музички хепенинг во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид. Овој хепенинг беше организиран по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми Март.

повеќе...

Утре во Охрид музички хепенинг на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Утре во Охрид ќе се одржи Музички хепенинг во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид. Хепенингот ќе започне во 14:00 часот пред Центарот на култура „Григор Прличев“.

повеќе...

Хуманитарна акција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид „Биди хуман – донирај“

Утре, Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ – Охрид ќе спроведе хуманитарна акција под мотото „Биди хуман – донирај“. Сите граѓани кои сакаат да донираат чиста облека, обувки, средства за хигиена, употребливи апарати за домаќинство и/или играчки, истите ќе можат да ги достават на штандот кој ќе биде поставен кај Стариот Чинар (фонтаната) од 17 часот.  Собраните средства ќе бидат донирани на многудетни семејства, семејства со социјален ризик, деца без родители и родителска грижа…

повеќе...

Средношколците со поддршка за големиот граѓански собир во понеделник

Средношколската унија на Македонија дава отворена поддршка на големиот собир на граѓани кој ќе се одржи на 18 мај под мотото Македонија силна. „Средношкослката унија на Македонија како репрезентативен претставник на средношколците и активен партнер на институциите во повеќе суштински процеси целосно ги поддржува целите и функциите на овој голем народен собир“, велат од Унијата. Младите и средношколците застанувааат рамо до рамо со граѓаните и народот на Република Македонија и даваат поддршка на определбите за стабилна, силна и сигурна иднина на државата и сите нејзини граѓани. „Средношколците се спротивставуваат на…

повеќе...

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид делеше промотивни флаери

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, денес на Градскиот плоштад постави штанд на кој се делеа промотивни флаери. Штандот со промотивните флаери кои се однесуваат на мерките за намалување на невработеноста кај младите, мерките за самовработување, субвенционирањето на вработувањето на младите и програмите за ИТ обуки и практиканство за млади невработени лица, на Градскиот плоштад ќе биде поставен секој ден до четврток (23.04.2015), а заинтересираните млади од Охрид ќе можат да дојдат и да се информираат за мерките.

повеќе...

Поставена јавна библиотека кај Холандскиот парк

Унијата на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ Охрид, денес во Холандскиот парк постави јавна библиотека во која граѓаните ќе можат слободно да оставаат или да земаат книги. На поставувањето покрај членовите беше присутен и координаторот за петата изборна единица, Дејан Пандилески. Претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, Илија Арнаудоски истакна дека оваа е одлична можност за сите граѓани да можат слободно да разменат книги со други љубители на книги. Исто така Арнаудов испрати отворена покана до сите кои сакаат да присуствуваат на регионалната ораторска вечер која ќе…

повеќе...