Започнаа уписите на државните универзитети

Денес започнаа уписите за додипломски студии во академската 2016/2017 година на три од вкупно петте државни универзитети. Кандидатите се пријавуваат за прием во прва година од прв циклус на студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Првиот уписен рок на Државниот универзитет во Тетово започнува утре, а на „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во четврток. Согласно годинашниот конкурс, предвидени се вкупно 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота,…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2016/2017 година. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа: – Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование); за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование). – Во Спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план и програма за гимназиско образование-спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал. Приемот…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ врши упис на ученици во прва година

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе врши упис на ученици во прва година за учебната 2015/2016 г. Училиштето нуди можност за запишување во повеќе образовни профили и тоа: – Во угостителско-туристичката струка според наставните планови и програми за стручно образование за профилите: келнер, готвач (тригодишно образование); за профилите: угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар (четиригодишно образование). – Во спортската академија за спортски талентираните ученици според наставен план за спортска гимназија за профилите: спортска паралелка по ракомет, спортска паралелка по кошарка и спортска паралека по фудбал. Приемот на документи…

повеќе...

Во тек е запишување првачиња за учебната 2015/2016

Во сите основни училишта во Република Македонија во тек е уписот на првачиња за учебната 2015/2016 година. Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2009 година. Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2016 година, но по претходно барање од родителите (старателите) и добиено мислење од стручните служби во училиштето. Лани во основните училишта во Република Македонија се запишале околу…

повеќе...

Во вториот уписен рок во јавните средни училишта има 20.089 слободни места

Осмоодделенците кои не успеаја да се запишат во двете пријавувања во првиот уписен рок во Јавните средни училишта во Република Македонија, можат тоа да го сторат на 25 август, односно во вториот уписен рок, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми. „Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 20.089 ученици од кои, 13.347 слободни места за настава на македонски наставен јазик, 5.969 за настава на албански наставен јазик, 739 слободни места за настава на турски наставен јазик и 34 слободни места на српски наставен јазик, истакна министерот…

повеќе...