„Охридско лето” со нов Управен одбор

Со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозоски, сменет е претседателот на ОУ на Меѓународниот музичко сценски фестивал “Охридско лето”, Зоран Вељаноски – Летра и членот на Одборот, Тошо Чочороски. За нов член, воедно и претседател на УО именувана е Оливија Пирузева- Јанева, просветен работник од Охрид, инаку член на Советот на општина Охрид. Вториот, нов член на УО е Маре Ристеска, педагошки работник од Охрид. Од редот на вработените во установата преставници се Катарина Митреска и Субија Изеироски. Во УО останува членот кој е на предлог на Локалната, Љупчо…

повеќе...

Царинската управа оствари работни средби со бизнис заедницата

Во насока на продлабочување на соработката со бизнис заедницата, Царинската управа на Република Македонија организираше работни состаноци во сите подрачни царинарници: Битола, Скопје, Куманово, Штип и Гевгелија, како и на централно ниво во просториите на Царинската управа во Скопје. На состаноците присуствуваа околу 100 претставници на компании и тоа: компании од областа на текстилното производство, т.н. „лон“ производство, производители и увозници на акцизни добра, транспортни и шпедитерски компании, претставници на компании – странски инвеститори, како и претставници на странски компании кои имаат намера да започнат со работа во Република Македонија.…

повеќе...

Царината заплени мобилни телефони, парфеми, рамки за очила, додатоци на исхраната и фалсификати

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, рамки за очила, очила за сонце, парфеми, мобилни телефони, облека, автоделови, регистарски таблички, додатоци на исхраната и фалсификати. Задржана е следната стока: Козметика и модни додатоци – 436 рамки за очила и 30 пара очила за сонце, откриени при контрола на украински автомобил, управуван од украински државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Стоката е пронајдена во 3 картонски кутии, сместени во багажникот на возилото, покриени со куфери и…

повеќе...

Запленети девизи, злато, тутун, цигари, делови за возила, облека, часовници и фалсификати

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, златен накит, топено злато, режан тутун, цигари, автоделови, делови за трактори, облека, часовници и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи и злато – 28.000 евра откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Ќафасан. Во предниот џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 30.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му се вратени…

повеќе...

Запленети цигари, домашна ракија, облека, свежо овошје, суплементи, регистарски таблички

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, домашна ракија, облека, овошје, додатоци на исхраната и регистарски таблички. Задржана е следната стока: Цигари и ракија – 30 штеки цигари, марка TROKADERO Blue, со македонски контролни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените цигари се пронајдени во внатрешноста на резервната гума и во командната табла, под воланот на возилото. Цигарите се привремено задржани, а против прекршителот…

повеќе...

Запленети брашно, цигари, лепило, очила и мобилни телефони

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, брашно, лепило, очила со диоптер и мобилни телефони. Задржана е следната стока: Брашно – 300 килограми брашно (30 вреќи од 10 килограми), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски автобус, што сообраќал кон Република Грција, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното брашно, сопственост на возачот, е пронајдено во просторот за тоалет на автобусот. Стоката е привремено задржана, а против…

повеќе...

Спречен обид за нелегално внесување на поголема сума девизи

Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за нелегално внесување на 34 илјади евра во државата. Синоќа околу полноќ, за влез во државата се пријави автомобил марка VOLKSWAGEN PASAT со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, придружуван од уште еден српски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При контрола на возилото, во касетата пред совозачкото седиште се пронајдени 34.000 евра, а по извршениот личен претрес,…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 8 тони течен лепак

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на 8.400 кг. акрилен емулзатор (течен лепак) со вредност од 10.080 евра. На 8 август 2015 година во 20:30 часот, на граничниот премин Меџитлија на влез во Република Македонија се пријавил С.К. државјанин на Република Македонија, управувајќи транспортно моторно возило со македонски регистарски ознаки. На царинските службеници им пријавил дека превезува 14.430 килограми на стока од Турција за Албанија, за што приложил соодветна документација. По извршениот увид во документацијата, царинските службеници извршиле детален преглед на возилото и утврдиле дека во…

повеќе...

Запленети девизи, детектор за благородни метали, рачни часовници и камионски делови

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, детектор за благородни метали, рачни часовници и делови за товарно моторно возило. Девизи – 11.700 евра, откриени кај албански државјанин – сопатник во албански автомобил, управуван од друг албански државјанин, на граничниот премин Меџитлија – влез во државата. Во најлонско ќесе, сместено во рачна торбичка која со себе ја носел сопатникот во возилото се пронајдени 21.700 евра, а согласно Законот за девизно работење 10,000 евра му се вратени, износ што нерезидент може…

повеќе...

Запленети златен накит, артефакт, девизи, гасен пиштол и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, меѓу која и златен накит, артефакт, девизи, гасен пиштол, телевизор, обувки, облека и друго. Задржана е следната стока: Златен накит – 206 грама златен накит (белегзии, обетки, прстени, ланчиња и огрлици – вкупно 14 парчиња златен накит) е пронајден во патничко моторно возило со швајцарски регистарски таблици, управувано од швајцарски државјанин, а пријавено за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Златото е пронајдено во две кутии со по четири фиоки, во хартиено ќесе, сместено…

повеќе...