Учениците од ОУ „Христо Узунов“ дел од кампањата „Од децата – за децата“

Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта. Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиена и облека. Од име на ОУ „Христо Узунов“ директорот Тони Симоновски упати голема Благодарност до учениците, родителите и колегите за овој хуман гест.

повеќе...

Ученици и наставници од Холандија во посета на охридската Гимназија

Од 3 до 9 октомври 25 ученици од средното училиште од Апелдорн, Холандија заедно со нивните професори престојуваа во Охрид во посета на охридската гимназија. Посетата е во рамките на проектот за размена на ученици меѓу двете училишта, а во реализација на професорите од нашето училиште Вера Јовческа и Даниела Спироска. Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе…

повеќе...

Четвртоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга

Учениците од четврто одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес ја реализираа есенската екскурзија. Тие беа на проштека во Струга. Во рамки на ексурзијата во Струга, ја посетија НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“. Четвртоодделенците се запознаа со тоа дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Основците имаа можност да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани…

повеќе...

Нови бомби ја нападнаа екологијата во Охрид

Нови бомби ја нападнаа екологијата во градот и сето тоа започнува од училишните дворови. И покрај тоа што на нив пишува (на турски) дека не се наменети за деца под 14 години, овие „POP! Grenade“ бомби им се достапни на децата од сите возрасти. Некаде се продаваат за 5, некаде за 10 денари, а се активираат на следниот начин: Се ставаат на земја; Се стегаат или газат со што започнува хемиска реакција; Пукаат при што распрснуваат; Останува отпадот (ретко кое дете го собира отпадот и го фрла во корпа). Овие…

повеќе...

Среќен ден за првачињата во ПОУ „Св.Наум Охридски“ во Елшани

Денес во подрачното училиште „Св.Наум Охридски“ во с.Елшани, беше особено значаен и интересен ден за најмалите ученици – првачињата. Имено на иницијатива на наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска, со несебична поддршка од „ЛК Лихнидос“, останатите Лајонс клубови и хумани граѓани и организации, како и од страна на црквата Св.Пророк Илија и црковниот одбор во с.Елшани, на учениците им беа подарени училишни ранци и потребниот училишен прибор за претстојната учебна година. Ранчињата на првачињата им ги подели отец Атанас Казанџиски, кој воедно им посака многу здравје и успех во…

повеќе...

Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.

повеќе...

Бронзен медал за ученичка од ОУ „Христо Узунов“ на математичка балканијада во Бугарија

Од 24 – 29 јуни 2017 година во Варна, Република Бугарија за најдобрите математичари од 19 држави до 15,5 години (VIII, IX одд.основно и I год. средно) се одржа XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО). Ученичката Христина Митреска ( IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“- Охрид освои бронзен медал во конкуренција од 108 ученици. На натпреварот официјални учесници се 10 балкански држави, а другите држави се како гости натпреварувачи.

повеќе...

Одиграно финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори во Велгошти

Синоќа во Велгошти се одржа финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори, на кој учествуваа 20 екипи од Охрид и Струга. Организатори на турнирот се Климент Калачоски и Димитар Балески со помош на директорот на ОУ „Живко Чинго“ – Ѓоко Чингоски. Синоќа се одиграа финалните натпревари. Во борбата за трето место, екипата на Црногорци забележа победа од 3:2 против тимот од Лескоец. Првото место го освои екипата Beast, која со 5:2 го совлада Boss Burger. На овогодинешниот турнир беа доделени парични награди и пехари. Прво место – пехар, медали…

повеќе...

Златен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 12-от Меѓународен натпревар во подготовка на јадења од риба во Ниш, Србија ученичката во трета година од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Чутрова освои златен медал во категоријата: сениори, јадење од риба. Исто така каке дел од тимот на Македонската aсоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак, заедно ја освоија престижната Гран-при награда како севкупен победник на натпреварот. Во различни категории, меѓу кои и филетирање риба, рибина чорба и рибин паприкаш ученичката успеа да го импресионира интернационалното жири со својата вештина и гастрономски финеси во подготовките на овој…

повеќе...

Завршува учебната година, учениците на распуст

За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од учебната 2016/2017 година. Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни. Матурантите, пак, утре (10 јуни) ќе полагаат тест по странски јазик. За англиски се пријавени најголем број кандидати (15.201), за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

повеќе...