На конкурсот „Млади поети“ објавен од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Сергеј Костовски, Дајана Сиљаноска и Марија Петреска со своите поетски творби беа избрани во најдобрите творби а со тоа да бидат застапени како автори во стихозбирката, малата анталогија за поезија. Ментор на учениците е професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.
повеќе...Tag: ученици
Ученици од ОУ „Григор Прличев“ во посета на охридскиот аеродром
Согласно програмата по предметот Општество, учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Од страна на вработените учениците се запознаа со работата на аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат. WebOhrid
повеќе...Ученици од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ реализираа екскурзија во Италија
Учениците од III година при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“- Охрид, во периодот од 25.05 до 30.05 реализираа завршна екскурзија во Италија. Екскурзијата беше изведена во согласност со годишната програма за работа на училиштето и правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта. Во рамки на петдневната екскурзија, 90 ученици и 4 наставници според програмата ги посетија националниот парк Плитвички езера, градовите Верона и Венеција во Италија и Постојнска јама во Словенија, при тоа развивајќи позитивен однос кон националните, интернационалните, културните и естетските вредности, како и поттикнување…
повеќе...Утре започнува спортската манифестација „Охрид трчаТ“
Останува само еден ден од официјалниот почеток на долгоочекуваната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. Неделата на трчањето, забавата и дружењето започнува утре со почеток од 10 часот со трката на 1000 метри за учениците од основните училишта поточно од деветто одделение. Трката ќе се одржи на Кеј Македонија во цела нејзина должина со старт во 10 часот пред споменикот на Ден Долард на самиот почеток на Кејот, а ќе заврши пред споменикот на Св Кирил и Методиј. Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ школската трка ја организира заедно…
повеќе...Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Превенција од пороци“
Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа предавање на тема „Превенција од пороци“, со учениците од VII одделение во соработка со СВР и Секторот за образование при Општина Охрид. „Учениците се запознаа со пороците кои се присутни , но и ниво препознавање. Предавањето е со вел да заштитат нашите ученици од истите.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.
повеќе...Ученичка од ОУ „Живко Чинго“ освои трета награда на Државниот натпревар по биологија
На Државниот натпревар по билогија кој се одржа во саботата на 20.05.2017 година во Природно-Математичкиот Факултет Скопје, ученичката од ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – Ангела Маркоска од IX одделение освои III награда. Ментор на ученичката е наставничката по биологија и хемија Маја Попоска. „Упатувам честитки до ученичката за постигнатиот успех на Државниот натпревар, а секако и до менторот“ вели директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. WebOhrid
повеќе...Осмоодделенци од „ОУ „Живко Чинго“ во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга
Во рамки на програмата по предметот Биологија, учениците од осмо одделение од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, заедно со наставничката, Маја Попоска, денес беа во посета на НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“ – Струга. Осмоодделенците научија дека како институција која е уникатен претставник на природното и културното наследство, музејот поседува огромен потенцијал и може многу да допринесе за општеството. Тие имаа можност да видат дека во рамките на музејот делуваат билошко, етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност (со дела на Вангел Коџоман). Постојаната музејска изложба опфаќа голем број препарирани растителни и…
повеќе...Прво место за ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по македонски јазик
На 22.5.2017 во ОУ „Кочо Рацин “ Прилеп се одржа Државниот натпревар по македонски јазик каде ученичката Искра Атанасова –Митуш од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место, под менторство на наставничката Сузана Маленкова. Благодарение на успехот на ученичката следната 2018 година Државниот натпревар по македонски јазик ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
повеќе...Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ на екскурзија во Битола
Учениците од трето одделение од Основното Училиште „Григор Прличев“ Охрид, денес реализираа еднодневна екскурзија во Битола. Тие заедно со своите наставнички се прошетаа по битолската чаршија, го посетија Народниот театар, и Зоолошката градина. За учениците беше организиран и ручек. На крај учениците се вратија задоволни и среќни што ја имаа оваа прекрасна незаборавна екскурзија. WebOhrid
повеќе...Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на печатницата Летра-дизајн
Учениците од прво одделение од Основното училиште „Св.Климент Охридски“, заедно со своите наставнички беа во посета на печатницата Летра-дизајн. Во рамки на посетата вработените од печатницата ги запознаа учениците со својот асортиман кој го печатат и како се одвива процесот на печатење и добивање готов производ. Учениците со интерес ги рагледуваа печатарските машини. Сите ученици добија поклон од печатницата со што радосно и полни со впечатоци заминаа.
повеќе...