Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа работилница „Изворска – извор на креативност“

Во ОУ „Григор Прличев“ Охрид, денес се одржа работилница на тема „Изворска – извор на креативност“. На работилницата учествуваа учениците од 4-то одделение. Целта на работилницата беше учениците да се едуцираатт за тоа κолκу е важно да конзумираме вода во текот на денот.  „Со глина беше изработено шише и се печеше глината и добивме магнет за на фрижидер.“ – велат од училиштето. Сеκој учениκ доби магнет изворска вода и еколошκо торбе и флаерче. WebOhrid

повеќе...

Успеси на ученици од ОУ „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар по физика

На Републичкиот натпревар по физика што се одржа на 13.05.2017 година во ОУ„Христо Узунов“ – Охрид, ученичката Христина Митреска од деветто одделение освои трета награда, Драгана Усовиќ од осмо одд. исто така освои трета награда, а Ивана Пројческа од осмо одд. освои пофалница. „Голема благодарност до семејствата од ученици при ОУ„Христо Узунов“ – Охрид кои беа одлични домаќини на гости – ученици од поодалечните места на државата.“ – велат од училиштето.

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата, но и со успешната соработка со родителите од училиштето учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид заедно со своите учителки од второ одделение го посетија Охридскиот аеродром. При посетата учениците беа сведоци на слетување и полетување на еден авион, а притоа беа пречекани како патници, при што се запознаа и со пилотот на авионот.

повеќе...

Ученици од „Григор Прличев“ во посета на ТВМ

Учениците од III 1 и III 2 одделение при ОУ „Григор Прличев“ – Охрид заедно со учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа и дел од родителите, денес остварија посета на ТВ медиум Т-В Мики во рамки на програмата по македонски јазик, медиумска култура. Учениците се запознаа со студијата, местото за монтажа на материјали, камерите, вработените, новинари, монтажери, камермани… Им беше објаснета работата на телевизиската куќа, задолженијата на вработените, начинот на кој се создава една емисија, вести. Учениците со задоволство и големо внимание ги слушаа објаснувањата и беа интервјуирани од страна на…

повеќе...

Утре на градскиот плоштад ќе се одржи хепенинг „Приказна за моето училиште“

По повод завршување на учебната година, ОУ „Св. Климент Охридски “ – Охрид утре, на градскиот плоштад, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи хепенинг под мото „Приказна за моето училиште“. На хепенингот ќе бидат презентирани дел од активностите, условите и можностите на ова училиште пред своите сограѓани. Се покануваат граѓаните на Охрид, со своите најмлади, да поминат пријатни мигови на градскиот плоштад во другарување, низ детската игра и песна со учениците од „Св. Климент“.

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ во посета на охридскиот аеродром

Учениците од прво до петто одделение од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. Тие се дружеа со пилотот, стујардесите и вработените на охридскиот аеродром. Учениците благодарејќи на вработените беа запознаени со основните принципи и вработени на оваа институција. На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат. WebOhrid

повеќе...

Меѓугенерациска средба помеѓу учениците од ОУ „Живко Чинго“ и охридските пензионери

На 12.05.2017 година, со почеток во 17:00 часот во спортската сала „Тодор Александров“ во с. Велгошти, ќе се одржи Првата Меѓугенерациска средба помеѓу учениците и пензионерите. Првата меѓугенерациска средба ќе започне во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со дружење и со одговарање на меѓусебно поставени прашања што се од заеднички интерес и на учениците и на пензионерите. Потоа ќе има пригодно обраќање на директорот на ОУ „Живко Чинго“,  Ѓоко Чингоски и Претседателот на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. После тоа ќе настапат ученици од ОУ „Живко Чинго“…

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ посетија повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Македонија

На покана на директорот на Агенцијата за Супервизија на Осигурувањето Климе Попоски делегација на ОУ „Христо Узунов“ составена од наставници и ученици посети повеќе институции од областа на финансиите и осигурувањето на Република Македонија. Посетена беше Агенцијата за супервизија на Осигурувањето на Република Македонија каде учениците беа запознаени за потребите од осигурување, видовите на осигурување и начинот на осигурување. Потоа беше посетена и Комисијата за Хартии од Вредност на Република Македонија, делегацијата беше примена од Претседателот на комисијата Елизабета Чингаровска која на учениците им одржа предавање во однос што се…

повеќе...

Успеси на основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по математика

На Државниот натпревар по математика кој се одржа на 6.5.2017 ученици од ОУ „Григор Прличев“ Охрид ги освоија следните резултати: Емилија Николовска VI одд I награда ментор: Марика Бубеска Ева Китрозоска VII одд III награда метор: Анита Николоска Ана Димоска IX одд II награда ментор: Лилјана Фанкоска

повеќе...

Успеси на учениците од ОУ „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по природни науки

На Регионалниот натпревар по Природни науки кој се одржа на 8.4.2017 во Охрид, учениците од V одд од ОУ „Григор Прличев“ –Охрид под менторство на наставничката Наташа Драгичевиќ ги постигнаа следните резултати: Петар Крцоски V 2 I награда Софија Милевска V 1 II награда Ивана Веруш V 4 II награда Мила Петровиќ V5 II награда Јана Патчева V 4 II награда Овие ученици обезбедија учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 20.5. 2017. год. во Скопје. Останатите ученици ги постигнаа следните резултати: Ангелина Јолеска V3 III награда Митко…

повеќе...