Ученик од ОУ „Григор Прличев“ меѓу најуспешните на Државниот натпревар по информатика

И оваа учебна година ученикот Христијан Дончески VII одделение од ОУ „Григор Прличев“ повторно меѓу најуспешните. На XI-тиот државниот натпревар по информатика за апликативни вештини го освои II место. Под водство на менторот Марина Џепароска Танасоска со Halloween game се здоби со бесплатна обука во Semos edukacija.

повеќе...

Успеси на ученици од ОУ „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар по физика

На Републичкиот натпревар по физика што се одржа на 13.05.2017 година во ОУ„Христо Узунов“ – Охрид, ученичката Христина Митреска од деветто одделение освои трета награда, Драгана Усовиќ од осмо одд. исто така освои трета награда, а Ивана Пројческа од осмо одд. освои пофалница. „Голема благодарност до семејствата од ученици при ОУ„Христо Узунов“ – Охрид кои беа одлични домаќини на гости – ученици од поодалечните места на државата.“ – велат од училиштето.

повеќе...

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ и годинава меѓу најдобрите на Државниот натпревар по физика

На 13.5.2017 година во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа 41 Државен натпревар по физика за основно образование, на кој учествуваа вкупно 320 ученици од осмо и деветто одделение. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид и оваа година беа меѓу најдобрите. Ученичката Ана Димоска од IX одделение постигна најдобар резултат на натпреварот освојувајќи прва награда со максимум 100 поени. Јана Петреска од VIII одделение освои трета награда, а ученикот Петар Мишов VIII одделение освои пофалница.У Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска.

повеќе...

Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Државниот натпревар по физика

Денес во ОУ „Христо Узунов“ – Охрид се одржа Државниот натпревар по физика на кој учествуваа 320 ученици и околу 90 ментори – наставници. Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и оваа година продолжува со активностите за популаризација на науката, физиката и другите природни науки преку стекнување и унапредување на знаењата, способностите и вештините кај учениците, наставниците и граѓаните и унапредување и заштита на животната средина. На овој 41 републички натпревар по физика учество зедоа ученици од осмо и деветто одделение од основните училишта во Република Македонија. Натпреварот започна…

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ домаќин на 41-от Републички натпревар по физика

Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид, на 13.05.2017 година ќе се одржи 41-от Републички натпревар по физика за учениците од основните училишта. ПРОГРАМА ЗА 41-от РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА (Сабота, 13 мај 2017 година, ОУ„Христо Узунов“-Охрид ) 9.00 – 9.20 Пристигнување на натпреварувачите и менторите 9.20 – 9.30 Свечена програма (настап на хорот при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид) 9.30 – 9.45 Поздравно обраќање во име на домаќинот на натпреварот, директорот на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, м-р Тони Симоновски Поздравно обраќање на претставник од ДФРМ Поздравно обраќање…

повеќе...

Успех на основци од „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по физика

На 08.04.2017 година се одржа Регионалниот натпревар по физика. Учениците од ОУ „Григор Прличев “ ги постигнаа следните резултати: Ана Димоска I награда Јана Петреска I награда Петар Мишов III награда Стефан Каланоски пофалница Сите ученици обезбедија пласман на Државниот натпревар по физика. Заслуга за нивниот успех има и менторот Славица Јолакоска Таштаноска.

повеќе...

Успех на основците од „Христо Узунов“ на Регионалниот натпревар по математика и физика

На 4ти март годинава, ОУ „Христо Узунов“-Охрид со 6 ученика под менторство на наставниците Виолета Китеска-математика и Вера Зороска-физика, учествуваше на Регионалниот натпревар по математика и физика, во организација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Ученикот Савески Виктор освои трето место во натпреварувачкиот дел по физика, Христина Митреска беше четврта во вкупниот пласман, односно освои 50% партиципација за школување во училиштето „Јахја Кемал“, додека пак Ивана Ванкоска и Анастасија Мојсовска се стекнаа со можност за запишување во истото без полагање на приемен испит. „За пофалба е и тоа што истите…

повеќе...

Одлични резултати на основците од „Григор Прличев“ на натпреварите по математика и физика

На 4.3.2017 во ПСУ „Јахја Кемал“ по осми пат се одржа натпревар по математика и физика на кој учествуваа ученици од „Григор Прличев“ и постигнаа одлични резултати. Ученичката Ана Димоска, IX одделение го освои второто место со што доби стипендија за запишување во ПСУ „Јахја Кемал“, додека учениците: Анастасија Маленкова, Огнен Секулоски, Стефан Каланоски, Радица Јанкулоска, Марино Јакимоски, Франческа В. Маркулеска, Мила Коруновска и Никола Здравески се меѓу првите 25 на листа со што имаат право да се запишат во училиштето без да полагаат приемен испит. Ментори на учениците се:…

повеќе...

Успех на основците од „Григор Прличев“ на Општинските натпревари по математика и физика

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ постигнаа одлични резултати на Општинските натпревари по математика и физика. На општинскиот натпревар по физика кој се одржа на 18.02.2017 година, основиците под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска, обезбедија пласман на Регионалниот натпревар и ги освоија следните награди: Ана Димоска IX –I награда Јана Петреска VIII –I награда Петар Мишов VIII –I награда Стефан Каланоски IX -II награда На Општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.02.2017 г. учениците од ОУ „Григор Прличев“ ги освоија следните награди: Бисера Вранишкоска IV – I награда…

повеќе...

Успех на ученичка од охридската Гимназија на Државниот натпревар по физика

На 49-от Државен натпревар по физика одржан на 7ми мај на Институтот за физика при ПМФ во Скопје, ученичката Марија Мојсовска од трета година од охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ освои трета награда под менторство на проф. Виолета Никовска. Со тоа ученичката обезбеди учество во тимот за селекција на ученици кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Светската Олимпијада по физика во Швајцарија.

повеќе...