Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во ракометниот Суперкуп на Македонија

Во вторник (12 септември) со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар како увертира на новата сезона во домашните натпреварувања, која почнува следниот викенд. Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2017, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот што се играше во Битола, а на таа средба славеше Вардар со 31-26, освојувајќи ја двојната круна во домашните натпреварувања. Директен пренос од…

повеќе...

Одбојкарите поразени во финалето

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред останува без златен медал во финалето од Европската лига. Оваа година пречка за нашите беше репрезентацијата на Украина. Украина ги доби првите два сета со 25:15 и 25:22 со што поведе со 2:0. Македонија успеа да го добие третиот сет со 24:26 и да намали на 2:1. Но, Украина го доби и четвртиот сет со убедливи 25:13 со што оствари триумф од 3:1 на овој натпревар и го освои златото во Европската лига оваа година. WebOhrid

повеќе...

Пелистер го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Пелистер по пенали ја совлада Шкендија и по 16 години повторно го освои Купот на Македонија. Пелистер по изведувањето на пенали ја совлада екипата на Шкендија со 4:3 и стигна до втората титула од Купот на Македонија. Мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, 0:0. Во 22 минута Шкендија имаше добра шанса, откако Ибраими проигра до Стенио Жуниор, кој од прва шутираше, но преку голот. Четири минути подоцна Илијовски биеше, но малку крај стативата. Истиот фудбалер потоа не успеа со удар со ножички да го загрози Захов.…

повеќе...

Финалето од фудбалскиот Куп на Македонија на 17 Мај на стадионот Младост во Струмица

ФФМ, клубовите финалисти и МВР на заеднички состанок ги договорија деталите околу организацијата на натпреварот и преземените мерки за финалето во Струмица да биде вистински фудбалски празник. На денешниот состанок Васко Дојчиновски комесарот за натпреварување, а воедно и делегат на Куп пресметката меѓу Шкендија и Пелистер ги информираше клубовите за нивните обврски кои произлегуваат од Правилникот за натпреварување, како и за важноста натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера. Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер Mktickets ќе изврши дистрибуција на потребниот број билети за двата клуба, како и…

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017. Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето беа извлечени финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017. Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор…

повеќе...

Трофејот за УЕФА Супер купот 2017 пристигна во Скопје

На 8 август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на грандиозен фудбалски настан, Супер Куп на УЕФА. Натпревар на кој во нашиот главен град ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа, а ќе ги дочекаме сите во Македонија. „Изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот е уникатна шанса за јавноста во Македонија да застане блиску до трофејот и да се персонализира со големиот СУПЕР КУП трофеј на УЕФА. Ѕвездената моќ на УЕФА СУПЕР КУП трофејот веруваме дека ќе привлече страствени љубители на фудбалот и општата јавност каде и да се…

повеќе...

Вардар освојувач на ракометниот Куп на Македонија и во машка и во женска конкуренција

Со победите против ривалот Металург во финалните натпревари во Купот на Македонија, Вардар се закити со престижниот трофеј и во машка и во женска конкуренција. На машкото финале што се играше во „Билјанини Извори“ во Охрид, Металург играше добро прво полувреме во чиј најголем дел одржуваше резултатска неизвесност, сепак Вардар предводен од одличниот Арпад Штербик на голот, заедно со расположените Дибиров и Тоскиќ, успеа да го заврши полувремето со 4 гола предност (16-12). Веќе на стартот на второто полувреме разликата се искачи на 7 голови, па и покрај обидите на…

повеќе...

МЗТ Скопје го освои Хуавеј Супер Купот со убедлива победа над вечниот ривал Работнички

Актуелниот шампион МЗТ Скопје е освојувач на првиот трофеј во новата сезона од Мак Баскетот, пехарот во Хуавеј Супер Купот. Металците во финалето славеа победа над вечниот ривал Работнички со 81-62 и сосема заслужено го освоија престижниот трофеј од Хуавеј Супер купот. Подмладениот тим на Работнички само едно полувреме беше рамноправен ривал на актуелниот шампион. Квалитетот и долгата клупа на МЗТ Скопје дојде до израз во второто полувреме кога избраниците на Алеш Пипан го скршија отпорот на дотогаш рамноправниот противник. Капитенот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски со неколку поени во…

повеќе...

Македонските одбојкари го освоија второто место во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Словенија во финалето од Европската лига, со што Македонија го освои второто место во Европската лига што претставува најголем успех за нашата одбојкарска репрезентација. Натпреварот започна со поен за Македонија, но набрзо Словенците не само што изедначија, туку веднаш избегаа на неколку поени предност. Следуваше цврста борба на двете репрезентации, Словенија ја одржуваше предноста и го доби првиот сет со 25:21. Во вториот сет, Словенија направи разлика уште на самиот почеток и успеа да ја одржува во текот на целиот сет кој го доби со…

повеќе...

МЗТ Скопје ќе игра против Куманово во финалето од кошаркарскиот Плеј-оф

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја продолжува борбата за одбрана на титулата. МЗТ Скопје во четвртото финале по ред ќе игра против Куманово. Во полуфиналето МЗТ Скопје го совлада Фени Индустри со победи на двата дуели 79-62 и 75-64, додека пак Куманово во полуфиналето на два пати го совлада Работнички со резултат 78-77 и 85-71. Финалето од плеј-офот започнува во петок (29-ти мај) и се игра до три победи, а тимот на МЗТ ја има предноста на домашниот терен. WebOhrid

повеќе...