Фондацијата Фридрих Еберт и МППС го одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштија

Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје и Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) го одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштијата со најава за отпочнување на заедничка годишна кампања која ќе трае 365 дена односно ќе претставува континуирано подигнување на свеста за проблемот кој опфаќа преку 2 милијарди лица на глобално ниво. Во услови кога секое трето лице во Република Македонија се смета за сиромашно, државните институции, организациите од граѓанскиот сектор, меѓународните организации како и сите граѓани не смеат да бидат пасивни актери во борбата против сиромаштијата. Владата на РМ а посебно Министерството…

повеќе...

Фондацијата „Тодор Александров“ му додели постхумно признание на проф. д-р Зоран Тодоровски

Фондацијата Македонско наследство Тодор Александров денес постхумно додели признание за проф. д-р Зоран Тодоровски. Признанието се однесува на неговиот придонес во истражувањето на ликот и делото на Тодор Александров. Признанието го прими Бојан Тодоровски кој изрази благодарност за ова внимание кое воедно многу им значи на семејството Тодоровски. Извршниот директор на Фондацијата доц. д-р Никола Митровиќ Бабе истакна дека научниот придонес на прерано починатиот проф. д-р Зоран Тодоровски кој воедно беше и Директор на Државниот Архив на Република Македонија е многу голем во историската, историографската и архивистичката област во Република…

повеќе...

„Обврска сега! За денот потоа!“ потпишани барањата од граѓанскиот сектор од општина Охрид

Во рамките на проектот „Денот потоа: Локални избори“, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје во соработка со прогресивни граѓански организации и претставници од академската фела, во периодот септември-октомври 2017 година организираше активности за унапредување на состојбите во општеството на локално ниво во Република Македонија. Активностите се одржаа во општини од сите осум (8) плански региони во Македонија (Велес, Штип, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Маврово/Ростуша, Општина Центар, Град Скопје и општините на територијата на Скопје). Координаторите од граѓанскиот сектор од секоја од општините имаа задача да ги повикаат и консултираат организациите од граѓанскиот сектор…

повеќе...