Свечено пуштен во употреба новиот плоштад кај Мини маркет

Во присуство на голем број граѓани, синоќа беше пуштен во употреба новиот плоштад во непосредна близина на ОМУ “Методи Патчев“. Свеченоста на настанот беше збогатена со настапот на Габриел Наумоски на виолина и Џеврие Туле на пијано, ученици во ОМУ “Методи Патчев“, а школскиот хор од ОУ “Христо Узунов“ ги исполни композициите “Огниште“ и “Молитва за Охрид“. Пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред насобраните граѓани истакна дека нивниот број инспирира, мотивира, но и обврзува да продолжиме да твориме во иднина и да се собираме на уште…

повеќе...

Хортикултурно уреден плоштадот кај Музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија новиот плоштад кај Музичкото училиште „Методи Патче“. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет. „Се уредија зелените површини на влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Јане Сандански“: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување, декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки. Се формираа зелени појаси околу дрворедот по „Булевар Туристичка“ каде…

повеќе...

Се поставуваат новите мермерни и гранитни плочки на плоштадот кај Музичкото училиште

Продолжуваат градежните активности на плоштадот во непосредна близина на ОМУ „Методи Патчев“. Во моментов екипи на ЈП „Градски гробишта“ работат на обложување на фонтаните со мермерни и плочки од друг материјал. Наредниве денови просторот ќе биде партерно уреден и на целата површина ќе се постават гранитни плочки. На овие активности претходеше поставување на комплетно новата комунална инфраструктура и фундаментите за јавно осветлување.

повеќе...