Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче

Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот.  Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid

повеќе...

Во сабота ќе биде отворена фото-изложба „Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск“ од проф.д-р Сергеј Тарасов

Институтот за социо-културна антропологија на Македонија во соработка со Европскиот хуманистички универзитет од Вилнус, Литванија, во сабота, 17-ти јануари ќе ја отвори фото-изложбата „Катедралата Света Софија: Од Охрид до Полотск “ од проф. д-р Сергеј Тарасов. Фото-изложбата ќе биде отворена, во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 12:00 часот.

повеќе...