Ученици и наставници од Холандија во посета на охридската Гимназија

Од 3 до 9 октомври 25 ученици од средното училиште од Апелдорн, Холандија заедно со нивните професори престојуваа во Охрид во посета на охридската гимназија. Посетата е во рамките на проектот за размена на ученици меѓу двете училишта, а во реализација на професорите од нашето училиште Вера Јовческа и Даниела Спироска. Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе…

повеќе...

Холанѓани заинтересирани за соработка со Општина Охрид во областа на социјалната политика

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, денес оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика. Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија. Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектите кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко ползување на европските фондови за одредени…

повеќе...

Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација. И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7. Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома. Деновиве, може…

повеќе...

Холандија очекува што поскоро решавање на кризата во Македонија

ЕУ перспективата и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на тој пат беа во фокусот на разговорите кои министерот за надворешни работи Никола Попоски ги имаше за време на неговата посета на Холандија со неговиот холандски колега Берт Кундерс, како и со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент. „Холандија, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ и долгогдишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за…

повеќе...

ТАВ Македонија ги пречека првите холандски туристи на охридскиот аеродром

Првиот туристички чартер-лет од Амстердам слета во Охрид утрово. Се очекува оваа летна сезона до октомври да бидат организирани 150 чартер-летови и Охрид да го посетат над 25.000 холандски туристи. Со воден мост во форма на виножито, традиционалната македонска закуска, како и торта за добредојде, ТАВ Македонија утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле’’ ги пречека првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-летот на компанијата Корендон. Од ТАВ Македонија потенцираат дека се задоволни што чартер-летовите со холандски туристи продолжуваат и оваа летна сезона, шеста година по ред. „Пресреќни…

повеќе...

Канческа-Милевска на средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска денеска оствари работна средба со Вилем Ваутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија. На средбата, соговорниците се согласија дека Република Македонија и Кралството Холандија имаат одлични културни врски, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. На средбата, меѓу другото, стана збор и за иницијативата за продлабочување на соработката и тоа преку поголема размена на експерти, уметници и проекти. Министерката за култура Канческа-Милевска потсети дека досегашната соработка со Кралството Холандија е на солидно ниво со континуирано претставување…

повеќе...

АППТ ја зајакнува позицијата на Македонија на холандскиот туристички пазар

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на саемот за туризам во Утрехт, Холандија кој се одржа од 13-17 Јануари, ги промовира убавините на Македонија по 6ти пат. Холандскиот пазар, кој важи за еден од попробиените туристички пазари, покажува огромен интерес за македонската култура, историја и природа, во конкуренција со 500 дестинации од светот. Туи и Корендон, најголемите тур-оператори кои носат холандски туристи во Македонија покажаа оптимизам за претстојната туристичка сезона, потенцирајќи ги неповолните гео-политички случувања во одредени делови од светот. Неодамна, откако белгискиот “Томас Кук”беше во Македонија и склучи…

повеќе...

Охрид интересен за „Columbus Travel“

Холандскиот магазин „Columbus Travel“ веќе подолго време го следи Охрид. Мотото на магазинот е: „Место од каде можете да добиете инспирација за патување, создадено од и за патниците“. Покрај Охрид, овој магазин има објавено фотографии и написи за Струга, Битола, Скопје, за Охридското Езеро од македонска и од албанска страна. Охрид со својот сјај отсекогаш го привлекувал и ќе го привлекува вниманието на пошироката светска јавност, а ваквите написи се голем плус за Охрид и за Македонија. WebOhrid

повеќе...

Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Кралството Холандија, Јоп Шеферс

Moжниот излез од политичката криза во Македонија, причините за сложената ситуација во земјава и последиците на економски план и врз евро-перспективите беа темите на разговор на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Кралството Холалндија, Јоп Шеферс. Посебно внимание беше посветено на незаконското институционално насилие што го прават врз граѓаните Никола Груевски и врвот на власта, посебно преку упадот и контролата во судството и медиумите. „Тоа, како што стана јасно од прислушувањата што ги правела власта, се манифестира низ закани, уцени, притисоци, криминал и корупција, во функција…

повеќе...

Инвестициските можности претставени на бизнис форум во Хаг, Холандија

Претседателот на Владата на Република Македонија,  Никола Груевски, денеска заедно со министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот,Климент Шекероски, се обратија на бизнис форум во Хаг, Кралството Холандија. На бизнис форумот кој се одржа во соработка со Светскиот трговски центар на Холандија и Холандскиот совет за промоција на трговијата беа промовирани поволностите за инвестирање во Република Македонија и добрата бизнис клима за водење на бизнис во државата. Премиерот Груевски истакна дека унапредување на бизнис климата и отворањето на…

повеќе...