Осветен храмот „Воскресение Лазарево“ во Охрид

Денес на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со Бошко и Олга Илоски, како и со финансиски средства од…

повеќе...

Илјадници верници се упатуваат кон Светиклиментовиот храм на Плаошник

По повод празникот посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон, синоќа во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, се служеше празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и денес со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Европски г. Пимен. Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа на локалитетот Плаошник…

повеќе...

Осветен храмот Преполовение во Мислешево, Струга

Денес во Седмата недела по Педесетница и на празникот на преподобниот Сисој Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Митре Попоски, свештеникот Никола Христоски и ѓаконот Сашо Целески, изврши осветување на новоизградениот храм посветен на празникот Преполовение во с. Мислешево, Струга. Храмот се изгради со донациите на локалното население, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околија. Откако храмот беше осветен, беше отслужена и првата света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа.

повеќе...

Археолошки истражувања на комплексот околу Храмот на Изида во Стоби

Во тек се археолошки истражувања на источниот дел од Комплексот на храмот на египетската божица Изида во рамките на римскиот муниципиум Стоби. Во согласност со проектот, финансиран од Министерството за култура, предвидените активности се однесуваат на доистражување на придружните простории на храмот во кои, најверојатно, престојувало свештенството и оние што биле подготвувани за иницијација и посветување на култот. За време на истражувањето е откриен натпис од кој се дознава дека храмот бил посветен на Изида и на нејзиниот придружник Серапис. Култот на божествената двојка е широко распросранет и прифатен во…

повеќе...