Бесплатни курсеви по англиски и германски јазик во црквата Каменско

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и германски јазик. Предавањата по германски и англиски јазик ќе започнат од септември. Курсевите по германски јазик ќе се одржат на 6ти септември (вторник) во 18 часот, а курсевите по англиски јазик на 8-ми септември (четврток)  во 18 часот. Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на црквата, или на тел.046267832.

повеќе...

Од недела зимско сметање на времето

Летното сметање на времето ќе заврши ноќта помеќу 25 и 26 октомври. Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад. Во недела, 26 октомври во 3 часот часовникот треба да го вратите на два. Истото започнува да се пресметува последниот викенд во март и трае до последниот викенд во октомври.

повеќе...

Бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско Охрид, во рамките на своите парохиски активности организира бесплатни курсеви по англиски и италијански јазик. Часовите по англиски јазик ќе се одржуваат во четврток со почеток во 18 часот, а часовите по италијански јазик ќе се одржуваат во вторник со почеток во 18 часот. Курсевите започнуваат од 1 септември а ќе се одржуваат во просториите на црквата. Сите заинтересирани можат да се пријават во црквата или на телефон 046 267 832 или на 078 330 394.

повеќе...