Детското драмско студио врши упис на нови членови

Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид / Народен Театар Охрид, информираат дека Детското драмско студио врши упис на членови, на возраст од 7 до 17 години. Сите заинтересирани љубители можат да се запишат во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Телефон за контакт 046/ 261-063.

повеќе...

Дебата за Македонија во Европарламентот

Известувачот за Република Македонија, Иво Вајгл од Словенија, ја претстави Предлог-резолуцијата за нашата земја пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во Брисел, при што се разви дебата за истата. Мнозинството европратеници ја оценија Предлог-резолуцијата како реална, конструктивна и проевропска, давајќи поддршка да започнат преговорите за членство. Во Предлог-резолуцијата се споменуваат позитивните и негативните случувања во земјата и по деветти пат се препорачува Советот да ги отвори преговорите за членство на Македонија во Европската унија. Се повторува ставот дека прашањето за името не треба да биде препрека за отворање…

повеќе...

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 10-ти октомври

Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид општинскиот натпревар „Млади библиотекари“, годинава ќе го одржи на 10-ти октомври во просториите на Библиотеката, а почетокот на натпреварот ќе биде во 12 часот. Право на учество на овој натпревар имаат членовите на библиотеките од Основните училишта од Охрид и околината и членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид до 14 годишна возраст. Комисијата ги повикува сите ученици кои имаат интерес за учество во натпреварот за подготовка да го користат прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој може да го изнајмат од…

повеќе...