Денес во ОУ„Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Здравје и безбедни школски денови“. Проектот е во соработка со АД Скопска Пивара – Скопје и ОУ „Христо Узунов“. „Децата се запознаа со голем број на аспекти за нивна безбедност во училиштето и вон училиштето. Предавачи беа лица од АД Скопска Пивара од секторот за човечки ресурси.“– информираат од ОУ „Христо Узунов“.
повеќе...Tag: школа
Бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународен гастрономски натпревар во Црна Гора
Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои Бронзен медал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора. Како дел од тимот на Гастромак – Македонија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните гастрономски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сребрени и…
повеќе...Кристијан Клечкароски од ОУ „Григор Прличев“ освои прво место на Регионалниот натпревар по природни науки
На 08.04.2017 година се одржа Регионалниот натпревар по природни науки. Ученикот Кристијан Клечкароски IV 2 одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го освои прво место под менторство на наставничката Фанче Наумоска. WebOhrid
повеќе...Во Охрид започна напредната НАТО школа за борбата против тероризмот во сајбер-просторот
„Како и другите региони во светот и Југоисточна Европа се соочува со предизвици поврзани со редикализацијата и тероризмот во сајбер-просторот, за што е потребен одговор од страна на НАТО и земјите партнери. За нас од исклучителна важност е да ги разбереме глобалните трендови во врска со користењето на сајбер-просторот од страна на ИСИС и другите терористички организации, како и политичките, технолошките, правните и стратегиските аспекти на ова делување. Не помалку важно е и регионалното поврзување, соработката, а со тоа и зацврстувањето на евроатлантските вредности во регионот на Југоисточна Европа“. Тоа…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти свечено ќе го одбележи патрониот празник
Со свечена прослава, во понеделник (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, најмалите ученици со свои музички точки, изведба на драмата „Госпоѓа министерка“, а ќе биде отворена и ликовна изложба. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 141 година од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците…
повеќе...Второ место и награди за учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на CodeCUP 2017
На 11.03.2017 година во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, се одржа вториот CodeCUP 2017 натпревар, на кој учествуваа учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Со свои проекти се претставија учениците: Александар Дукадиноски, Филип Јосифоски, Шиме Тадиќ, Стефан Трајаноски, Бојан Трајкоски и Михаил Ангелески, под менторство на професорките Јулијана Петреска и Сања Јованоска. За успешно завршените проекти се доделени следните награди: • Таблети на првонаградениот тим и нивниот ментор; • Android TV BOX на второнаградениот тим и нивниот ментор; • Ранец и маус за третонаградените тимови и нивните ментори. 1.…
повеќе...Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик
На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.
повеќе...ОУ „Христо Узунов“ дел од проектот „Едно капаче – една надеж“
ОУ „Христо Узунов“ Охрид се приклучува на хуманитарната еколошка акција „Едно капаче- една надеж“ на која главна и единствена цел е да се соберат што е можно повеќе пластчични капачиња. „Капачињата се собираат и испраќаат во фабриката ПАКОМАК каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ќе ја донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.“ – велат од ОУ „Христо Узунов“. Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација- ММСА. Потребни се…
повеќе...Успех на основците од „Григор Прличев“ на Општинските натпревари по математика и физика
Учениците од ОУ „Григор Прличев“ постигнаа одлични резултати на Општинските натпревари по математика и физика. На општинскиот натпревар по физика кој се одржа на 18.02.2017 година, основиците под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска, обезбедија пласман на Регионалниот натпревар и ги освоија следните награди: Ана Димоска IX –I награда Јана Петреска VIII –I награда Петар Мишов VIII –I награда Стефан Каланоски IX -II награда На Општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.02.2017 г. учениците од ОУ „Григор Прличев“ ги освоија следните награди: Бисера Вранишкоска IV – I награда…
повеќе...Пуштено во употреба портабилно автоматизирано училишно ѕвонче во ОУ „Живко Чинго“
Во изминатиот период, поранешниот ученик во ОУ „Живко Чинго“ од с. Велгошти, Владимир Шокаровски, моментално демонстратор и лаборант при Институтот за електротехнички мерења и електротехнички материјали на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, во знак на благодарност, работеше на проектот за автоматизација на училишното ѕвонче во ова училиште. Деновиве беше завршен тој проект, успешното инсталирање и пуштање во употреба на портабилното автоматизирано училишно ѕвонче во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти. „Ми претставуваше огромна чест и задоволство, како поранешен основец во ова училиште, што работев на овој проект…
повеќе...