Ученици од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, периодов работеа на проект насловен „My Home“, преку STEM програмата. „Станува збор за двомесечен труд реализиран со учениците, кој е воедно нивно прво искуство со STEM програма. Во европското финале на проектот во Лондон учествуваат млади од основните, средните училишта и факултетите од повеќе земји од Европа.“- информираат од училиштето. Соработници во рамки на проектот се професорите по англиски јазик Марија Симиџиоска Стојаноска и Валентин Ристески. Ментор на учениците од IV2 одделение е наставничката Виолета Петковска.
повеќе...Tag: школа
Донација од Лајонс клубот „Десарети” за учениците со посебни потреби во ОУ „Братство Единство”
Лајонс клубот „Десарети” Охрид донираше нагледни средства за учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Братство Единство”. Нагледните средства во голема мера ќе ја олеснат работата со учениците од ранливата категорија и ќе ја зголемат нивната мотивација за работа и учење. „Оваа донација е резултат на континуирана соработка со клубот, кој секогаш ја покажува својата хуманост донирајќи во нашето училиште. Изразуваме голема благодарност кон Лајонс клубот „Десарети” и во иднина се надеваме дека нашата саработка ќе се прошири и ќе се реализираат поголеми проекти, се со цел да им се…
повеќе...Младиот репрезентативец Кире Маркоски на дружба со основците од „Христо Узунов“
Кире Маркоски, еден од националните фудбалски херои на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, која избори пласман на претстојното европско првенство во 2017 година, во Полска, денес престојуваше и се дружеше со учениците од ОУ „Христо Узунов“, каде што тој го завршил своето основно образование. Македонскиот репрезентативец Маркоски, делеше автограми за учениците, како и се фотографираше со нив. „Кире е наш ученик и првите школски чекори се до завршувањето на основното училиште ги помина овде во ОУ „Христо Узунов“. Учениците се дружеа, му поставуваа прашања, од колку години почнал да тренира,…
повеќе...Заменик градоначалникот во посета на ОУ „Св.Климент Охридски“ и економското училиште
За 540 првачиња, 4 898 основци и 2 029 средношколци започна школската 2016/17 година во Охрид. На свеченоста во ОУ „Св. Климент Охридски“ организирана по повод првиот училишен ден, првачињата ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Времето брзо одминува остануваат убавите спомени. Моите училишни денови одамна завршија. Вашите почнуваат од овој ден но ќе ви изминат брзо како песна доколку знаете секоја детска игра да ја „зачинете“ со читање добра книга, учење на предметна лекција или решавање на математичка задача. Но не брзајте. Има време за се. Многу…
повеќе...Доделени дипломите на децата од пливачката школа „Охридски бранови 2008“
Денес на градскиот базен при Спортскиот центар „Билјанини извори“ на сите членови на пливачката школа „Охридски бранови 2008“ им беа доделени дипломи за завршен курс по пливање. Исто така, годинава на традиционалниот 37-ми Илинденски пливачки маратон, на тројца членови од пливачката школа, Ана Бошалеска, Петар Бошалески и Владимир Велјаноски им беа доделени и дипломи за учество на истиот. „Оваа година времето одлично не послужи, секој ден имавме тренинзи на кои децата со забрзано темпо ги изучуваа тајните на пливањето. Јас како тренер сум многу задоволна од работата и тоа како…
повеќе...Солунскиот градоначалник Бутарис денес во Охрид, во школата на Иванов
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис денеска ќе одржи говор на Школата за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов во Охрид. Предвидено е тој да има и посебна средба со Иванов, како и да присуствува на свечената вечера што ја организира македонскиот претседател. Солунскиот градоначалник под своја палка има една од најуспешните грчки винарници, како и резерватот за мечки и за диви животни „Арктурос“, во кој е сместено и закрепнува и македонското мече Ушко, кое беше најдено повредено кај Тетово. Солунскиот градоначалник, покрај иницијативата на грчката влада, во комуникација со Иванов, самостојно…
повеќе...Иванов: Потребни ни се лидери за во иднината, но и во сегашноста
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов денеска ја отвори Школата за млади лидери што на негова иницијатива по седми пат се одржува во Охрид, како проект што ги обединува младите и талентираните луѓе од земјата на едно место каде ќе ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, својата креативност, менаџерските способности. „Оваа Школа е наменета пред се на лидерите на иднината, но и лидерите на сегашноста, уште повеќе што живееме во време на големи промени, предизвици, кризи. Но секоја криза е можност за нови решенија, шанса за нови концепти и…
повеќе...Членовите на ракометната школа „Седмерец“ донираа за поплавените подрачја во Скопје
Како е да се делува сплотено и во тим уште еднаш покажа младата ракометна надеж, односно членовите на Ракометната Школа „Седмерец“ од Охрид. Тие ја покажаа својата хуманост преку донации кои денес ги собраа на градскиот поштад. „Многубројни граѓани изненадени од ваквиот чекот на Седмерчињата, исто така дадоа свој придонес и се приклучија на хуманитарната акција. Ваквата акција се спроведе со помош на ОО на Црвен крст Охрид, кој воедно сообраните средства ќе ги достави онаму каде што е најпотребно. Презадоволни сме што успеавме да поттикнеме да се развие чувството…
повеќе...45 учесници на годинешната Школа за млади лидери на претседателот Иванов
На седмата по ред Школа за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид, ќе учествуваат вкупно 45 учесници и 21предавач. Меѓу предавачите на Школата, информираат од претседателскиот кабинет, оваа година се поранешните претседатели на Латвија и на Бугарија, Вајра Вике-Фрајберга и Петар Стојанов, директорот на Александриската библиотека во Египет, Исмаил Серагелдин, како и еминентни професори, бизнисмени, претставници на врвни институции од Република Македонија и од странство. 45-темина учесници на Школата доаѓаат од различни академски…
повеќе...Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов
Објавен е конкурсот за седмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата…
повеќе...