Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани во посета на НБРМ

Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето. Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни…

повеќе...

Креативните рачиња од основците од „Григор Прличев“ ја внесоа есента во својата училница

Вредните ученици од V1 одделение заедно со учителката Ана Христовска, на часовите по ликовно образование и творештво ја внесоа есента во својата училница. Изработија честитки со стихови за есента во кои покрај авторски стихови внесоа и лични украсни детали со мотиви од ова есенско шаренило. Највпечатливи сепак беа есенските завеси од листови кои внимателно и со многу труд ги поставија на прозорците во училницата. Оваа нивна досетливост ја разубави училницата и истата предизвика воодушевување и одобрување од страна на нивните соученици во училиштето.

повеќе...

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ дел од кампањата „Од децата – за децата“

Учениците од Основното Училиште „Христо Узунов“ ја покажаа својата хуманост. Под мотото „ОД ДЕЦАТА -ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид, основците од ова училиште се вклучија во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта. Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности собраа различни нерасипливи прехрамбени производи и средства за хигиена и облека. Од име на ОУ „Христо Узунов“ директорот Тони Симоновски упати голема Благодарност до учениците, родителите и колегите за овој хуман гест.

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“

Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Денес OУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, свечено го одбележа 18ти октомври, Патрониот празник на училиштето. Претставници од училиштето оддадоа почит кон патронот, а беше положено и свежо цвеќе. Беше даден и Историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески. Имаше и свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. Во рамките на одбележувањето на празникот беше одржана презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирање спортски игри како и хуманитарна акција.

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ доби нова канцеларија и училница

Поради подобрување на условите за работа, во ОУ „Св.Климент Охридски“ се изгради една канцеларија и една училница. Канцеларијата е направена за потребите на инклузивниот дефектолог, чија работа се покажа мошне успешна, и набавени се дидактички средства за таа потреба. Исто така, поради зголемениот број на ученици во изминатата година, училиштето се соочи со недостиг на училница, па оваа година се направи уште една. Училницата и канцеларијата се направени со помош на донации од Лајонс клуб „Десарети“, од Кармен Бауцентар и од училиштето со свои сопствени средства.

повеќе...

Среќен ден за првачињата во ПОУ „Св.Наум Охридски“ во Елшани

Денес во подрачното училиште „Св.Наум Охридски“ во с.Елшани, беше особено значаен и интересен ден за најмалите ученици – првачињата. Имено на иницијатива на наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска, со несебична поддршка од „ЛК Лихнидос“, останатите Лајонс клубови и хумани граѓани и организации, како и од страна на црквата Св.Пророк Илија и црковниот одбор во с.Елшани, на учениците им беа подарени училишни ранци и потребниот училишен прибор за претстојната учебна година. Ранчињата на првачињата им ги подели отец Атанас Казанџиски, кој воедно им посака многу здравје и успех во…

повеќе...

Кристијан Клечкароски од ОУ „Григор Прличев“ освои прво место на Регионалниот натпревар по природни науки

На 08.04.2017 година се одржа Регионалниот натпревар по природни науки. Ученикот Кристијан Клечкароски IV 2 одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го освои прво место под менторство на наставничката Фанче Наумоска. WebOhrid

повеќе...

Успех на основци од „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по физика

На 08.04.2017 година се одржа Регионалниот натпревар по физика. Учениците од ОУ „Григор Прличев “ ги постигнаа следните резултати: Ана Димоска I награда Јана Петреска I награда Петар Мишов III награда Стефан Каланоски пофалница Сите ученици обезбедија пласман на Државниот натпревар по физика. Заслуга за нивниот успех има и менторот Славица Јолакоска Таштаноска.

повеќе...

Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик

На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.

повеќе...